Таравари: Очекувам од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација

March 26, 2025
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата, по трагичниот настан во Кочани, да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација. Тој повтори дека има држави кои се подготвени, доколку имаме потешки случаи за рехабилитација, да ги примат овие пациенти.

„Процесот на рехабилитација на пациентите кои се лекуваат по трагичниот настан во Кочани ќе биде долг и макотрпен, меѓутоа таква е ситуацијата. Мораме да се соочиме со тоа и мораме добро да одговориме и на оваа фаза. Ги поминавме првите десет дена и барем досега резултатите се добри. До денеска нема починати, иако имаме четири пациенти во критична состојба. Сега сме во втората фаза на компликации и рехабилитации“, посочи вечерва Таравари во гостувањето на телевизија „Сител“.

Додаде дека компликации очекува да има една до две недели, а за одредени пациенти рехабилитацијата веќе е почната и може да трае од неколку недели до неколку месеци.

„За жал, генерално се работи за деца од 15 до 25 години. На нив многу им значи не само физичкото здравје, туку и естетскиот изглед, а се работи за изгореници што можат да остават лузни и кои би можеле да ги стигматизираат во општеството. Како држава ќе се обидеме максимално да бидат рехабилитирани и третирани, за што понормално да го продолжат нивниот живот“, рече Таравари.

Во однос на тоа дали се размислува за Центар за рехабилитација, Таравари рече дека од идната недела ќе се разговара поконкретно во однос на ова прашање. 

„За специјален Центар за рехабилитација никогаш не сме размислувале ниту постоел во државата, но како држава треба сериозно да размислиме дека ни треба таков центар. За две недели не можеме да го изградиме. Една опција се болниците кои имаат помала искористеност, односно имаат помалку пациенти, а друга опција се ресурсите кои не се користени – спрат во некоја болница или здравствен објект којшто помалку се користи. Меѓутоа пред се, важни ни се човечките ресурси, треба да имаме луѓе кои ќе бидат професионални“, рече Таравари. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новинарските здруженија го испратија до Уставниот суд прашањето за затворањето на ТикТок во Албанија

Следно

ВИДЕО: Состојбата на Иван Нисов кој се лекува во Полска се подобрува – преку снимка вели дека се надева на брзо враќање во Македонија!

Latest from Blog

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното

„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат,

Туфегџиќ предупредува: Предметите не се сопственост на обвинителите

Владимир Туфегџиќ, адвокат и поранешен судија, на социјалните мрежи оцени дека реакциите околу тоа кој обвинител ќе постапува по одредени предмети се пренагласени. Тој нагласува дека е сосема нормално обвинител кој е
Go toTop