Таравари: Хирургија функционира, но не се полн капацитет

August 23, 2024
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари се надева на позитивен исход од вториот повик за компресорскиот систем за операционите сали на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје за да се постваи целата инсталација.

Каоко што рече Таравари вечерва во гостување на ТВ Канал 5, хируршките сали функционираат, но не со полн капацитет.

– На правата објава не се јави ниту една фирма. Од Служба за општи и заеднички работи презеде Министерството за здравство да направи втора објава, се надевам дека во втората објава ќе се пријави некоја компанија што поскоро да ја инсталираме целата инсталација, рече министерот Таравари.

Тој изрази надеж за нов тендер за реновирање и нови сали, при што, како што дополни, ќе направат план пациентите да се третираат во другите болници и ќе инсистираат другите болници од периферијата, што имаат услови, да не ги праќаат пациентите во Скопје.

Во однос на времето на чекање на пациенти за операција, тој посочи дека државава има најкраток период на чекање.

Осврнувајќи се на состојбата и со Ковид и третманот на пациентите, министерот информираше дека имајќи предвид дека сега сите случаи на овој вирус се полесни, ставот на Комисијата за заразни болести, како што рече, е пациентите кои боледуваат од некоја болест и се заразени со ковид, да се третираат во институциите на примарната болест, само да се викне инфектолог да се даде дополнителна терапија.

Прашан за назначувањето на нови директори, конкретно за директорот на Здравствен дом кој е со диплома за туризам, министерот рече дека не секогаш докторите можат да водат некоја институција подобро.

– Јас секогаш сум инсистирал дека јавните здравствени установи е најдобро да ги раководат доктори, меѓутоа не секогаш докторите можат да раководат подобро. Здравствените институции може да ги води економист, доктор, стоматолог, фармацевт, рече министерот.

Во врска со најавите за преселба на Центарот за зависници од наркотици во центарот на Скопје, министерот информираше дека разговарале со професионалци и увиделе дека најдобро е пациентите да бидат распределени.

– Најдобро е овие луѓе да бидат распределени. Целта е да ја земаат терапијата од две-три места. Уште немаме назначено места каде ќе ја земаат терапијата. Доколку можеме во филијалите на Здравствен дом да организираме места каде што тие би се распределиле во групи и не би биле стигматизирани од општеството, рече Таравари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: Отворени сме за дијалог со СОНК, но не гледам можност за зголемување на платите

Следно

Коалиција „Препук“

Latest from Blog

Соработката со САД во фокусот на средбата на Николоски и Варнс

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс. На средбата се разговараше за реализирање на капиталните

Проданоски на Денот на бакалите: Поддршка за дуќанџиите и еснафот продолжува

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на Божествената Литургија во храмот „Св. Благовештение“ по повод празникот на Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов, кој народот го познава

Општина Битола бара доставувачи за решенија и покани за данок на имот

Општина Битола го објави јавниот повик за работно ангажирање на 15 лица невработени со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање

Петрушевски: Дали по насока на Заев и Филипче е донесен Правилникот за медицински канабис кој дозволува одгледување на марихуана на нива спротивен на Закон?

Владата на СДС во 2023 година донела измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели кој е во спротивност со законот кој го регулира ова прашање, рече на денешната прес-конференција
Go toTop