Талибанците држат лекции за борба против дрогите

August 22, 2023
1 min read

Tалибанските власти во Авганистан – држава која до неодамна произведуваше 90% од хероинот во светот – драстично го намали одгледувањето опиум низ целата земја. Западни извори проценуваат дека во некои провинции, намалувањето е и до 99%.

Ова покренува незгодни прашања за сериозноста на американските напори за искоренување на дрогата во земјата во последните 20 години. Дополнителен аспект на ова е што, како што глобалните залихи на хероин пресушуваат, може да дојде dо зголемена употреба на фентанил – дрога десетици пати посилна од хероинот што веќе убива повеќе од 100.000 Американци годишно.

Талибанскиот проект веќе е наречен „најуспешниот напор за борба против наркотиците во историјата на човештвото“. Опремени главно со стапови и сабји, нивните тимови за борба против наркотици шпартаат низ земјата, сечејќи ги полињата со афион.

Лани во април минатата година, актуелната влада забрани одгледување афион. Новото истражување на компанијата за геопросторни податоци Алцис сугерира дека производството на афион веќе опаднало за околу 80%. Сателитските снимки покажуваат дека во провинцијата Хелманд, област која произведува повеќе од половина од родот, производството на афион е намалено за неверојатни 99%.

Пред само 12 месеци, полињата со афион беа доминантни. Сега во Халмонд се одгледуваат помалку од 1.000 хектари афион.

Наместо афион, земјоделците садат пченица, помагајќи да се ублажи гладот што го произведоа американските санкции. Обединетите нации предупредуваат дека шест милиони луѓе во државата се блиску до глад.

Цената на дрогата е примамлива (меѓу 2020 и крајот на 2022 година, цената на опиумот на локалните пазари порасна за цели 700%), ама па нема заебанција со Талибанците и ретко кој паѓа во искушение да насади афион.

***************

Види и:

Бруталната глупоштина на војната во Авганистан

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР, продолжува поддршката за справување со енергетската криза

Следно

Илегална трговија со птици во пораст во Индонезија

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и
Go toTop