Талат Џафери го коментира минувањето граница со стар дипломатски пасош

February 22, 2024
1 min read

Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ споделија видео како ја минуваат границата меѓу Македонија и Бугарија за да проверат дали ќе им биде дозволено да ја напуштат државата со патните исправи под старото име. Петрушевски вели дека му било дозволено да помине само со дипломатски пасош, но кој го нема новото име на државата.

„Без него не можеме да патуваме? Не знам, пробајте. Ќе ве пуштиме. Се работи само за нормален пасош, без него не можеме да излеземе. Друг акт за дипломатски пасоши нема. Но, бидејќи зборуваме за дипломатски пасош. Ви благодарам.“

Коментирајќи го ова видео, техничкиот премиер Талат Џафери рече дека функционер не треба да го злоупотребува дипломатскиот пасош и доколку има злоупотреба да му биде одземен. Од друга страна, Џафери ги обвини министерот и неговиот заменик за политичка трка со пасошите.

„Во однос на информациите што ги даваат надлежните институции, а особено министерот и дополнителниот заменик-министер во МВР, јасно е дека ниту едните, ниту другите не даваат точни информации. Факт е дека има доцнење во набавката на обрасците поради фактот што компанијата што ги обработува е со седиште во Минхен, Германија, а надлежност на Министерството за внатрешни работи е да ја следи динамиката што ја има договорено со оној што ја доби јавната набавка“, рече Џафери.

На 12 февруари истече рокот на документите со старото име. Од тој датум со старите пасоши не може да се излезе од државава, а личните карти и возачките дозволи важат за домашна употреба. Досега околу еден милион и 300 илјади граѓани имаат пасош со новото име на државата.

Авни Тахири

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Зборливите“ деца се склони повеќе да го слушаат говорот на возрасните

Следно

Никој не сака да остане без претседателски кандидат на двојни избори

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop