СЗО: Без нови договори за борба против пандемии на удар ќе бидат идните генерации

January 22, 2024
1 min read

Земјите-членки ризикуваат да го пропуштат мајскиот рок за постигнување обврзувачки договор за борба против пандемии, што би било голем удар за идните генерации, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесува StraitsTimes.

Новиот договор и унапредување на постојните правила за справување со пандемии ќе имаат за цел да ја поддржат глобалната одбрана од новите патогени по пандемијата на Ковид-19, која уби повеќе од седум милиони луѓе, според податоците на СЗО.

– Мора да кажам дека сум загрижен што земјите-членки можеби нема да се состанат за да се заложат за решавање на отворените, нерешени прашања, рече Тедрос за време на обраќањето на состанокот на извршниот одбор на СЗО во Женева оваа недела.

Според него, непостигнувањето на нов договор и усвојувањето на измените на Меѓународната здравствена регулатива (МЗП) ќе биде пропуштена шанса што идните генерации нема да можат да ја простат.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади во Газа од 7 октомври се зголеми на 25.295

Следно

Германските машиновозачи најавија нов штрајк

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и
Go toTop