Светските воени трошоци во 2023 година достигнаа рекордно ниво од 2,44 билиони долари

April 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Глобалните воени трошоци минатата 2023 година се зголемија за 6,8 отсто на историско високо ниво од 2,44 билиони долари, во однос на 2022 година, објави денес Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ), јавува Анадолу.

Ова е најстрмното годишно зголемување од 2009 година, истакна Институтот, додавајќи дека тоа е деветто последователно покачување.

Најголеми 10 потрошувачи беа САД, Кина, Русија, Индија, Саудиска Арабија, Велика Британија, Германија, Украина, Франција и Јапонија. Трошоците на сите 10 земји покажаа зголемување во 2023 година.

САД потрошиле 2,3% повеќе за војската, вкупно 916 милијарди долари во 2023 година, потоа Кина 296 милијарди долари, што е зголемување за 6%, и Русија 109 милијарди долари, зголемување за 24%.

Воените трошоци на Украина во 2023 година изнесувале 59% од износот на руските воени трошоци. Украина, исто така, доби најмалку 35 милијарди долари воена помош во текот на 2023 година, вклучително и 25,4 милијарди долари од САД.

Минатата година 31 земја членка на НАТО потрошиле 1,34 билиони долари за војската, што е еднакво на 55% од светските воени трошоци.

САД имаат 68% од вкупните воени трошоци на НАТО во 2023 година, но повеќето европски земји членки на НАТО, исто така, ги зголемија своите воени трошоци.

Прогнозираните воени трошоци на Блискиот Исток минатата година се зголемија за 9% на 200 милијарди долари, што претставува највисок регистриран годишен пораст во изминатата деценија.

Воените трошоци на Израел – втори по големина во регионот по Саудиска Арабија – се зголемија за 24% и достигнаа 27,5 милијарди долари во 2023 година.

Воените трошоци на Туркије се зголемија за 37% на 15,8 милијарди долари во 2023 година во однос на претходната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Можете да носите хиџаб во село, но не и во Русија“ – централноазиските мигранти таргет на националистите

Следно

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе евакуирани поради поплави во Кина

Latest from Blog

Тригодишно девојче со забиен нож во главата мирно оди на доктор (Вознемирувачко видео)

Грозните снимки станаа вирални на социјалните мрежи во Кина пред неколку дена. Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, инцидентот станал познат на 15 август, кога еден граѓанин објавил видео од девојчето и нејзината

Лудило: Има само 16 години, ама со гол во 90+10.минута успеа да му донесе победа на Ливерпул на “Сент Џејмс Парк“!

ФОТО: FC Liverpol/X Рио Енгумоа, кој за некој ден треба да наполни 17 години, вечно ќе го памети вечерашниот меч на “Сент Џејмс Парк“. Се играше 90+10.минута, резултатот беше 2:2 кога успеа

Нов тренд во турскиот медицински туризам: Операции за намалување на висината!

Хируршките интервенции за намалување на висината стануваат нов тренд во турските клиники, една од водечките дестинации за медицински туризам во регионот, објави телевизијата СиЕнЕн-Турк. Според весникот „Поста“, Турција е сè попопуларна за

Омерагиќ ги покани најмалите и младите фудбалери бесплатно на мечот Македонија- Лихтенштајн!

28 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, најави дека за претстојниот натпревар на националниот тим против Лихтенштајн ќе биде овозможен бесплатен влез на источната трибина за децата и младите фудбалери
Go toTop