Светска банка со нови проценки за македонската економија и регионот

January 18, 2025
1 min read

Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година. Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи, СБ проценува дека економијата во земјава годинава ќе забележи раст од 3,0 отсто, што е за 0,1 процент повеќе од претходната проекција. За 2026 година се прогнозира раст од 3,2 проценти, или зголемување за 0,2 отсто во однос на претходната проценка.

Од земјите во регионот, Бугарија годинава ќе забележи раст од 2,8, Хрватска 3,0, Босна и Херцеговина 3,2, Албанија и Црна Гора по 3,5, Косово 3,9, а Србија 4,2 отсто. 

Се предвидува дека целиот регион на Западен Балкан ќе има раст од 3,7 проценти во 2025 и 3,9 проценти во 2026 година.

Клучна улога се очекува да имаат приватната потрошувачка и инвестициите, особено во Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Во исто време, забавениот раст на еврозоната се очекува да обезбеди само ограничена поддршка за извозот.

СБ смета дека Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан би можел да ја удвои економијата на регионот во рок од една деценија, поддржувајќи го пристапувањето во ЕУ и подобрувањето на финансирањето на инфраструктурата и пазарната интеграција.

Главни ризици, пак, се геополитичките тензии. Руската инвазија врз Украина останува значаен фактор во обликувањето на регионалната перспектива. Секоја понатамошна ескалација може да доведе до поголемо економско нарушување во целиот регион.

Одложувањата во спроведувањето на структурните реформи може да го попречат исплаќањето на средствата на ЕУ за Западен Балкан и да ги одложат изгледите за пристап во ЕУ за сегашните земји кандидати. Покрај тоа, некои економии може да се соочат со дополнителни предизвици при извршувањето на големи инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ.

Светска банка очекува глобалниот економски раст оваа година да биде 2,7 проценти и да остане на исто ниво во 2026 година, нагласувајќи дека таа стапка е недоволна за стимулирање на одржливиот економски развој.

Според заменик-главниот економист на Светска банка, Ајхан Косе, тоа е стапка со која светот „може да живее“, но не е доволна за подобрување на животниот стандард на луѓето, како во побогатите така и во посиромашните земји во светот.

Извештајот на банката предупредува и на дополнителни пречки за тоа сценарио, од зголемена политичка несигурност и негативни промени во трговската политика, до геополитички тензии и постојана инфлација, до природни катастрофи поврзани со климата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел даде зелено светло за договорот за прекин на огнот во Газа

Следно

Прекинот на огнот во Газа стапува во сила во недела во 6:30 часот (СЕВ)

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop