Светот влегува во ера на хаос, предупреди генералниот секретар на ОН

February 8, 2024
1 min read

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш предупреди дека светот влегува во ера на хаос, изразувајќи загриженост за длабоките поделби во Советот за безбедност на ОН кој, како што рече, не може да ги реши критичните прашања како што е војната во Појасот Газа, пренесуваат светските агенции.

Говорејќи на Генералното собрание на ОН, на денот кога војната на Блискиот Исток влегува во својот петти месец, Гутереш рече дека е особено вознемирен од извештаите дека следниот фокус на израелската војска ќе биде градот Рафах, на југот на Газа, во војната против екстремистичката палестинска група Хамас.

Таква акција експоненцијално ќе го зголеми она што веќе е хуманитарен кошмар со неописливи регионални последици“, рече Гутереш.

Израелските сили во својата кампања за уништување на Хамас немилосрдно го бомбардираа Појасот Газа и започнаа компнена инвазија по нападот на Хамас на јужен Израел на 7 октомври.

„Време е за итен хуманитарен прекин на огнот и безусловно ослободување на сите заложници“, рече Гутереш на Генералното собрание, претставувајќи ги своите приоритети за 2024 година.

Во неговиот говор тој повика на промени во Советот за безбедност и меѓународниот финансиски систем, посочувајќи го самитот на ОН во септември како можност за решавање на проблемите со кои се соочува светската организација, а кои се, како што кажа, сè подлабоки и поопасни.

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес во Албанија: Нема информации за повредени или материјални штети

Следно

Успешна акција на МИТ во северен Ирак: Неутрализиран високорангираниот терорист на ПКК, Јунус Демир

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop