Свечено откриена новата биста на Цветан Димов во Кисела Вода

August 11, 2025
1 min read

Во општина Кисела Вода денес свечено беше поставена новата биста на народниот херој Цветан Димов, на локација спроти општинскиот објект. Претходното спомен-обележје, кое се наоѓаше во рамките на истоимената урбана заедница, со години беше во лоша состојба поради негрижа и оштетувања.

По барање на жителите, изработена е нова биста, со што, како што истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на херојот му се оддава заслужено признание, а историската меморија добива повидливо и достојно место. „Со новата биста на Цветан Димов соодветно оддаваме почит кон неговата жртва, но и создадовме услови повеќе луѓе, особено младите, да ја запознаат неговата приказна,“ рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека историјата е најсилна кога е пред очите на граѓаните и дека задачата на општината е да ја зачува и пренесе на идните генерации.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изминатиот викенд дури 1172 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

Следно

Директорот на болницата Ал Шифа: Израел уби новинари за да изврши „голем масакр без звук и слика“ во Газа

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската
Go toTop