Судот во Турција ја изрече првата казна согласно законот за дезинформации – новинар е осуден на 10 месеци затвор

February 28, 2023
1 min read

Ова е првата пресуда согласно законот за ширење дезинформации кој беше усвоен од турскиот парламент во октомври минатата година, а за кој партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе ја заштити јавноста од ширење на лажни или погрешни информации

Судот во Турција во вторникот осуди новинар на 10-месечна затворска казна поради ширење дезинформации.

Ова е првата пресуда согласно законот за ширење дезинформации кој беше усвоен од турскиот парламент во октомври минатата година, а за кој партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе ја заштити јавноста од ширење на лажни или погрешни информации.

Новинарот Синан Ајѓул беше приведен на почетокот на декември лани откако на Твитер напиша дека 14-годишно девојче наводно било сексуално злоставувано од мажи, вклучително и полицајци и војници.

Тој потоа ја избриша објавата и се извини што ја напишал без потврда со властите, но подоцна беше уапсен. 

На денешното прво рочиште зе случајот, судот го осуди Ајѓул на 10 месеци затвор, пресудувајќи дека тој ширел дезинформации што може да доведат до страв и паника кај јавноста. Новинарот ќе остане на слобода додека се чека жалба на казната.

Законот кој пред четири месеци беше усвоен од турските пратеници предвидува казна затвор до три години за секој што шири дезинформации за домашната и меѓународната безбедност, јавниот ред и здравје на Турција, а кои наводно имаат цел да предизвикаат јавна загриженост, страв и паника кај јавноста.

Ваквите законски измени наидоа на бурни реакции од опозицијата која уште лани реагираше оти овој закон има за цел да ги замолчи критичарите на власта пред претседателските и парламентарните избори закажани за јуни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Следно

Првиот човек на францускиот фудбал си поднесе оставка

Latest from Blog

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се
Go toTop