Судот одлучи: Ратко Капушевски во притвор, Пуцко во куќен притвор

March 11, 2025
1 min read

Судија на претходна постапка вечерва одреди притвор за Ратко Капушевски, а куќен притвор за Асмир Јахоски.

По разгледување на изнесените аргументи од страна на Јавниот обвинител и осомничените, како и нивните бранители, судијата го прифати предлогот на обвинителството и на Р.К., А.М. и Е.С. им изрече мерка притвор во траење од 30 дена. Оваа одлука е донесена врз основа на член 165 став 1 точки 1 и 2 од Кривичниот законик, поради опасност од бегство и можност за попречување на истрагата преку влијание врз сведоци.

Во случајот на осомничениот А.Ј., откако тој даде исказ пред судијата, обвинителот го промени првичниот предлог за притвор во барање за куќен притвор, што беше одобрено од страна на судијата.

За останатите седум осомничени кои беа изведени пред суд, судијата го усвои предлогот на обвинителството и им определи мерки за претпазливост. Сите страни во постапката имаат право на жалба против донесените решенија пред Кривичниот совет.

Лицата беа спроведени во судот во попладневните часови.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Со интерпелациите власта прави дискриминација на дел од членовите во Судскиот совет

Следно

Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона

Latest from Blog

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Правилната исхрана богата со специфични нутриенти може да игра клучна улога во зачувувањето и можната регенерација на ’рскавицата, како и во долгорочното здравје на зглобовите. Болките во зглобовите и колената стануваат сè
Go toTop