СУДОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Момчето кое ја прегази Фросина доби 30 дена притвор

January 30, 2025
1 min read

Судија на претходна постапка вечерва му одреди 30-дневен притвор на момчето, кое синоќа на пешачки премин, на црвено светло и во алкохолизирана состојба со возилото на својот татко, ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“.

Автомобилот го управувал без возачка дозвола со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, а кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

„Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, соопшти обвинителството.

Ова не му е прво кривично дело на 20-годишникот. Минатата година, полицијата го фатила со 80 опаковки амфетамин. На предлог на обвинителството, му била изречена мерка притвор. Тој бил во притвор во истражниот затвор во Шутка 3 месеци, а обвинението било за две кривични дела, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Но, Основниот кривичен суд Скопје носи пресуда со која на обвинетиот му изрекува заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник (помлад од 21 година).

„Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка“, соопшти обвинителството.

Апелацискиот суд и пет месеци по првостепената пресуда, се нема произјаснето по случајот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ повикува на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска, ЈО и судот да работат според закон

Следно

Институтот за социологија, контра Јаневска: Нацрт-концепцијата ја девалвира социологијата

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop