Судирите продолжуваат: Израелската армија тврди дека околу илјада палестински борци влегле во Израел од Газа

October 9, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелската армија соопшти дека околу илјада палестински вооружени борци се инфилтрирале од Газа во Израел и влегле во 20 населби и 11 воени бази, јавува Анадолу.

Портпаролот на израелската армија за Анадолу изјави дека продолжуваат вооружените судири меѓу израелската армија и палестинските борци на израелска територија во близина на границата со Газа.

Во соопштението се наведува дека во синоќешните судири во градот Беери учествувале меѓу 70 и 90 вооружени борци и дека судирите се во тек, а палестинските групи не успеале целосно да се инфилтрираат во градот.

Израелскиот јавен сервис КАН објави дека израелската војска соопштила дека од 7 октомври во Израел од Газа се инфилтрирале меѓу 800 и 1.000 вооружени палестински борци и дека влегле во повеќе од 80 гранични точки во 20 населби и 11 воени бази.

Исто така, се наведува и дека во моментов се водат судири на седум локалитети во околината на Газа.

Израелската армија тврди дека палестинските борци најверојатно ископале тунели под границата и на тој начин влегуваат во населбата Беери.

Израелските сили вчера ги евакуираа Израелците од 24 населени места во близина на границата со Газа, вклучително и Беери, а евакуациите сѐ уште траат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вељаноски: Нема никакви причини да се одвојат претседателските и парламентарните избори, освен заради партиските калкулации на власта!

Следно

Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи 

Latest from Blog

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и
Go toTop