Судири на париските улици: За време на протестите приведени околу 200 луѓе

March 17, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – За време на протестите во Париз, главен град на Франција, дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите што излегоа на улица откако француската Влада одлучи да спроведе реформи во пензискиот систем без гласање во Парламентот, јавува Анадолу.

Полицијата користеше солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред плоштадот Конкорд во близина на зградата на Парламентот.

Група демонстранти го палеа ѓубрето и продавниците и со предмети ги гаѓаа полицајците.

Протестите продолжија во помалите улици во близина, каде што полицијата фати некои од демонстрантите.

Париската полиција приведе 197 лица поради вандализам, информираше телевизискиот канал BFMTV.

Протести и судири избувнаа и во други градови, како Лион и Рен, објави весникот Le Figaro. Синдикатите повикаа на уште една рунда протести на 23 март.

Француските пратеници што, исто така, се противат на планот, им се придружија на демонстрантите откако Владата ги поништи закажаните парламентарни избори.

Вчера претседателот на Франција, Емануел Макрон, одлучи да го искористи член 49.3 од Уставот на Франција за да го усвои контроверзниот нацрт-закон без гласање во Парламентот.

Реформите вклучуваат подигнување на старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години.

Овој план предизвика бес кај граѓаните откако беше објавен минатата година, а масовни протести и штрајкови низ целата земја се одржуваат од јануари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АКТЕРИ ОД МНТ ВЕЖБААТ КАЧУВАЊЕ НА КАРПИ НА МАТКА СО АЛПИНИСТИ ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЧЕХОВ“ НА БУЗАЛКОВСКА

Следно

„Градски паркинг“ со важно известување за корисниците на јавните паркиралишта

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop