Судир Мицкоски – Груевски: Јанкулоска го поддржува „легитимно избраното раководство“, не гледа што би разговарала со екслидерот

October 2, 2023
2 mins read

„Не знам дали Груевски би имал интерес да се сретне со мене. Немам проблем да се сретнам со никого, но мојата последна комуникација со Груевски беше една недела пред да ја напушти Македонија. Оттогаш до денес не сме имале апсолутно никаков контакт и не гледам што би разговарале доколку се сретнеме“, вели поранешната министерка за внатрешни работи прашана дали доколку има можност, би се сретнала и со Груевски како што се сретна со Мицкоски

Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е легитимно избрано и поддржано на партиски конгрес, така што ја има целосно мојата поддршка, вели поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1, прашана за став за судирот на актуелниот и поранешниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

На таа тема, Јанкулоска вели дека таа најдобро знае оти ВМРО-ДПМНЕ не претставува еден човек.

„Јас бев генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ можеби во најтешкото време. Тоа беше периодот по формирањето на ВМРО-Народна партија и периодот кога ВМРО-ДПМНЕ требаше да се консолидира, да излезе на избори и да покаже колку е цврста од внатре. Во 2005 година ние победивме на локалните избори, а 2006 г. формиравме влада. Мојата порака и тогаш и сега е една и единствена. Партијата ВМРО-ДПМНЕ не е еден човек, не е еден тим. Партијата е идеја и сите ние се идентификуваме со таа идеја. Единството е многу значајно и ВМРО-ДПМНЕ има легитимно избрано раководство и токму тоа раководство кое е легитимно избрано и поддржано на Конгрес, преку делегатите, ја има и мојата поддршка“,

вели Јанкулоска.

Таа додава дека секогаш е против внатрепартиски поделби и формирање нови партии.

„Јас во сите мои години наназад, кога имало и други ситуации на одредени недоразбирања, кога некои мислеле дека треба да се решаваат со формирање нови партии, никогаш не сум ги поддржала и нема да поддржам такви размислувања. Доколку има недоразбирања, тие треба внатрепартиски да се решаваат, така што актуелното раководство, како легитимно избрано, ја има мојата поддршка“,

изјави поранешната шефица на ресорот Внатрешни работи.

Јанкулоска: Груевски со бегството ја смени динамиката на политичкиот прогон

Иако беше една од најблиските соработнички на Никола Груевски, во интервјуто за „360 степени“ Гордана Јанкулоска вели дека нема проблем да се сретне со поранешниот премиер, меѓутоа смета дека нема за што да разговараат. Според неа, токму тој ја променил динамиката на судењата.

„Не знам дали Груевски би имал интерес да се сретне со мене. Немам проблем да се сретнам со никого, но мојата последна комуникација со Груевски беше една недела пред да ја напушти Македонија. Оттогаш до денес не сме имале апсолутно никаков контакт и не гледам што би разговарале доколку се сретнеме. Во однос на неговото бегство, бев меѓу првите што јасно кажаа што мислат. Јасно го искажав моето несогласување со тој чекор, но факт е, и Никола Груевски и сите ние поранешни членови од раководството на партијата на власт, се соочивме со страшна атмосфера на политички прогон во која немавме простор да артикулираме никаква правна аргументација пред органите на македонското правосудство. Факт е дека тој беше жртва на политички прогон, меѓутоа чекорот што го направи, однапред значеше промена на динамиката на тој политички прогон во однос на сите останати. Нему тоа му беше кристално јасно и тој се одлучи на таков чекор. Јас ни тогаш ни сега не го одобрувам“,

вели Јанкулоска.

Прашана да го коментира ставот на Алијанса за Албанците дека Мицкоски со средбата со неа и со објавувањето фотографија го легализира и рехабилитира „политичкиот и институционалниот криминал како политичка жртва“, како и новинарското прашање што го доби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – како постојано вели дека се бори со криминалот, а се среќава со осуден криминалец, Гордана Јанкулоска одговори дека не се чувствува како осуден криминалец кој ѝ носи штета на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи според неа „на огромно мнозинство граѓани на Македонија, без оглед на нивната политичка определба, им е јасно низ каков судски процес таа е во затвор и издржува казна“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тренчевска: Никогаш во историјата на државата немало раст на пензиите за 24 отсто за околу година и половина

Следно

„Игри на среќа“ во училиште во Тетово – Движење против коцкање: Бараме одговорност од училиштето, директорот и професорот

Latest from Blog

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие

Претседателот на Непал го распушти парламентот и распиша избори

Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток
Go toTop