Судија со критики за администрацијата на Трамп за нелегалните депортации, нареди почитување на судот

May 1, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американска федерална судијка ја критикуваше администрацијата на Трамп за непочитување на судските наредби во случајот на Килмар Абрего Гарсија, Салвадорец кој беше депортиран со кршење на пресудата од 2019 година со која се забранува негова депортација поради страв од прогон, јавува Анадолу.

Според Си-би-ес њуз, американската окружна судијка, Паула Ксинис, во Мериленд го отфрли барањето на властите за уште едно одложување на обезбедувањето информации за депортацијата на Абрего Гарсија, наредувајќи им на надлежните да „одговорат и се придржуваат до сите неодговорени барања за информации“ до 5 мај и да поднесат исказ до 9 мај.

Ксинис, која претходно ја обвини администрацијата за „ намерно одбивање за исполнување на обврските за прибирање информации“, го осуди континуираното користење на неосновани тврдења како опструкција.

„Со недели, обвинетите бараа засолниште зад нејасни и неосновани тврдења за привилегија… Тоа сега завршува“, напиша таа во судскиот поднесок.

Абрего Гарсија, чирак во работилница за лим и татко кој живееше во градот Балтимор, беше уапсен од страна на Службата за имиграција и царина (ICE) во март и депортиран во Ел Салвадор, каде што беше сместен во озлогласениот затвор CECOT.

Неговите адвокати велат дека тој бил погрешно поврзан со бандата МС-13 и му е одбиено правото на стандардна постапка. Властите признаа дека депортацијата била „административна грешка“, но одбија да организираат негово враќање.

Сенаторот Крис Ван Холен, демократ од Мериленд кој го посети Абрего Гарсија во Ел Салвадор претходно овој месец, излезе на седница на Сенатот вчера и го осуди пркосот на администрацијата.

„Не гарантирам за г-дин Абрего Гарсија, но гарантирам за неговото уставно право на правична постапка“, рече Ван Холен.

„Затоа што, ако Доналд Трамп може да ги игнорира судските наредби и да ги погази правата на еден човек, тој ги загрозува правата на сите што живеат во Соединетите Американски Држави.“

– Белата куќа пркоси, а судот врши притисок за одговорност –

Администрацијата на Трамп продолжува да се спротивставува на повиците за репатријација. Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, за Си-би-ес њуз изјави дека Абрего Гарсија е „дома таму во неговата земја“ и додаде: „Доколку треба да биде вратен во Соединетите Американски Држави, веднаш, повторно ќе го депортираме“.

Претседателот Трамп и за време на вчерашниот состанок на Кабинетот, и за Си-би-ес њуз повтори дека Абрего Гарсија „не е невин, прекрасниот господин од Мериленд“.

„Доколку е господинот за кој велите дека е, јас би го [вратил], но не е“, додаде тој.

Трамп постојано цитираше побиени докази дека Абрего Гарсија наводно е член на банда, меѓу кои и обработени фотографии.

На истиот состанок, државниот секретар Марко Рубио ги отфрли прашањата за дипломатски напори со Ел Салвадор.

„Спроведувањето на нашата надворешна политика му припаѓа на претседателот на Соединетите Американски Држави и извршната власт – а не на некој судија“, рече тој.

Судијката Ксинис одобри дополнителни искази на четворица федерални службеници вклучени во депортацијата и ја остави отворена можноста за излагање на повеќе.

Со оглед на тоа што се очекува сослушувањата да се интензивираат во наредните недели, случајот продолжува да покренува уставни прашања за извршната моќ, спроведувањето на имиграциските закони и судскиот надзор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Метеж на ГП Богородица и Табановце – граѓаните за влез и излез чекаат по 30 минути!

Следно

Лина Ѓорческа обезбеди осминафинале на турнирот во Грузија

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop