Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

May 30, 2025
1 min read

Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се презакажува за 9 јуни. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, презакажувањето е по барање на надлежениот јавен обвинител.

Судењето треба да продолжи со завршни зборови на Обвинителството, откако со минатото рочиште заврши доказната постапка.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавност дека главната расправа за предметот со К. Бр. 1339/24 поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и Велешанецот П.Ж. насроечна за 02.06.2025 година, по барање на надлежниот јавен обвинител, се презакажува за следниот, веќе насрочен термин, на 09.06.2025 година во 10:00 часот. Имено заради обемноста на предметот, изведените материјални и вербални докази, дополнението на доказната постапка, како и потребното време за соодветна подготовка на завршните зборови, прифатено е барањето за презакажување на расправата, за што странките ќе бидат известени, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

На минатото рочиште во Основниот кривичен суд Скопје беа изведувани дополнителни доказиод страна на одбраната на обвинетите Палевски, Видевски и Ѓорчевски, додека одбраната на останатите двајца обвинети Манев и Кешишев не предложи докази во дополнението на доказната постапка. Првообвинетиот Љупчо Палевски најпрво приговараше на образложението на Основното јавно обвинителство во врска со сметањето на времето. Според него, времето од снимките во дворот на Велибор Манев кои претходно ги изведе Обвинителството пред Судот, не се во реално време иако биле вештачени и потврдени од МВР Форензика.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мелони: За спречување на фемицидите, покрај закони потребна е културна и социјална промена

Следно

Дина Јашари го објави својот деби-албум „Растенија без корен“

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop