Студентски живот со повеќе можности: Wolt како совршен баланс за младите

October 1, 2025
1 min read

За многу студенти секојдневието изгледа како постојано жонглирање меѓу предавања, испити, потребата за спортување, дружење со врсниците и постигнувањето на финансиска независност. Ова последното понекогаш останува само на желба, но постојат и оние кои успеваат да ја совладаат таа сложена комбинација. Виктор Т. од Скопје е еден од нив, студент кој веќе извесен период работи како курир-партнер на Wolt, искуство што, според него, му ја донело потребната слобода да биде свој.

„Флексибилноста е најголемата предност. Работата ми дозволува да најдам време и за учење и за работа, но и за одмор. Дури и во испитна сесија, кога сите сме под притисок, можам да ја прилагодам динамиката според тоа што ми е најважно,“ вели тој.

 

Виктор објаснува дека за еден студент најважно е да се најде баланс меѓу обврските на факултет и дружбата, а при тоа да обезбеди сопствен приход, независно од поддршката од родителите или некоја стипендија. Работата како курир-партнер на Wolt му ја дава токму потребната флексибилност која го одржува неговиот баланс.

„Многу ми значи што сам одлучувам кога и што ќе работам. Тоа не е само распоред, тоа е стил на живот. Со велосипед низ градот – секој ден изгледа поинаку. Како студент тоа ми е потребно. Не сакам да седам врзан на едно место. Имам темперамент што сака движење, сакам да се снаоѓам во нови ситуации, а најинтересниот дел е што секој ден има ново лице, нова приказна, а понекогаш и забавна ситуација што ја памтиш. Не можам да кажам дека интеракцијата е многу поразлична, но има интересни личности кои умеат да ја разбијат монотонијата “, објаснува Виктор.

Работата за него не значи ниту откажување од убавините кои ги носи младоста. Напротив – ја нагласува социјалната страна. „Апсолутно имам време за дружење. Работата ми овозможи да бидам активен, да останам во форма и да имам време и за моето друштво и семејство“

Неговиот ден изгледа како внимателно сложен мозаик со предавања на факултет, излегување со пријатели навечер, време за одмор, и во меѓувреме возења со Wolt, коешто придонесува Виктор да чувствува дека е дел од поголем систем.

„Балансот што го создадов е она што најмногу ме изненади. Никогаш не мислев дека ќе можам толку добро да го усогласам. Но, помага и тоа што се чувствувам поддржан и сигурен дека ќе ја добијам секоја информација што ми е потребна за испораките. Истовремено сум независен. Тоа ми дава мотив за работа“ вели тој.

Од денешна перспектива, најмногу го изненадила леснотијата со која оваа работа се претворила во секојдневие што му носи и динамика и сигурност. „Сакав да бидам во движење и да заработувам, и го најдов тоа. Сакав да запознавам луѓе и да имам слобода, и тоа го добив. Ова е искуство што ме научи дека студентскиот живот може да биде многу повеќе од учење и испити, може да биде и независност“, вели студентот што го најде совршениот баланс меѓу учењето, спортот и заработката со Wolt.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синиша Каран номиниран од партијата на Додик за нов претседател на Република Српска

Следно

Дарко Костовски: Во Љуботен и Љубанци ќе се изградат нови основни училишта (ВИДЕО)

Latest from Blog

Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран

„Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор потпишан од Барак Обама“, изјави Ливит, алудирајќи на нуклеарниот договор од 2015 година што подоцна

ВЛЕН: ДУИ имаше пет министри и нула резултат – албанските студенти 20 години останаа без правосуден испит на мајчин јазик

Коалицијата ВЛЕН излезе со нова реакција во која упатува сериозни обвинувања кон ДУИ за, како што велат, долгогодишен неуспех и свесно занемарување на правото на албанските студенти да го полагаат правосудниот испит

Милеј одликуван во Израел, најавена директна авиолинија Тел Авив – Буенос Аирес

Херцог го нарече десничарскиот либертаријански лидер „близок пријател на Израел“. Милеј, исто така, запали свечен факел во рамките на одбележувањето на 78-годишнината од основањето на Државата Израел на 14 мај 1948 година.
Go toTop