Студентите од „Јустинијан Први“ повторно го издадоа стручното списание IPSLR по 15 години

April 11, 2025
1 min read

По пауза од 15 години, студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ повторно го оживеаја стручното списание Iustinianus Primus Student Law Review – IPSLR. Првиот број беше свечено промовиран денеска во читалната на факултетот.

Иницијативата доаѓа од Факултетското студентско собрание, со поддршка од Деканатот и Уредувачкиот одбор составен од професори и студенти. На промоцијата зборуваа деканот проф. д-р Сашо Георгиевски и главниот уредник, проф. д-р Александар Љ. Спасов, кој најави нов повик за трудови за вториот број на списанието.

Претседателот на студентското собрание, Данило Крстовски, ја нагласи важноста на списанието како алатка за развој на академското пишување и критичкото размислување.

IPSLR е еден од ретките примери на студентски стручни списанија во земјата, со фокус на теми поврзани со правото, политиката, новинарството и односите со јавност.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кантона: Ретклиф не почитува ништо и никого

Следно

Јовановиќ: Голема филмска ѕвезда доаѓа на јубилејното издание на „Киненова“

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop