Студенти од Универзитетот Станфорд штрајкуваат со глад во знак на поддршка на Газа

May 22, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Група од околу дваесет студенти на американскиот Универзитет Станфорд веќе десет дена штрајкуваат со глад, најавувајќи дека нема да јадат сè додека универзитетот не се согласи да се повлече од компаниите за кои тие тврдат дека ја поддржуваат израелската агресија врз Газа, јавува Анадолу.

Протестот се одржува во кампусот на Универзитетот Станфорд во американската сојузна држава Калифорнија.

Протести во поддршка на Палестина и осуда на израелските напади врз Газа се одржуваат и на други американски универзитети, вклучително и Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, во која се убиени речиси 53.700 Палестинци, повеќето жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Попладне не очекува нестабилно време со дожд, грмежи и град

Следно

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop