Струмичани се возеа во новите електрични автобуси

September 11, 2024
1 min read

Општина Струмица е првата која обезбеди електрични автобуси за јавен превоз. Вредноста на инвестицијата е 7 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на оптина Струмица, а капацитетот на секој автобус е за 48 патници. Еден месец превозот ќе биде бесплатен, а потоа цената на билетот ќе биде 30 денари. Јавниот превоз е наменет за жителите на градот, околните населени места и за учениците.

На промоцијата на овој јавен превоз беше и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во изјавата за медиуми истакна дека со овој проект Струмица е првиот град во земјава и на Балканот со обезбеден електричен и еколошки јавен превоз.

„Ова е еден сеопфатен проект во кој што се мислело на многу аспекти. Ова е еден проект кој што е императив на многу европски градови, да има електричен превоз, да се поврзат подобро градските населби помеѓу себе, приградските населби, селата со градот. При тоа, се обезбедува бесплатно возење за одредени категории граѓани, како за пензионерите, учениците, студентите. Обезбеден е посебен пристап во автобусите за лица со посебни потреби, како и посебно место за полнење на електричните автобуси, повторно обезбедено од обновливи извори на енергија “, изјави претседателот на СДСМ, Филипче.

При тоа, Филипче потенцираше дека овој проект во Струмица, реализиран од градоначалникот Коста Костадинов од редовите на СДСМ, е вистински доказ како треба да работат сите градоначалници и како треба да се грижат за потребите на граѓаните и подобрување на условите за живот во општините.

„Сведоци сме на примери како се однесуваат други градоначалници. Како лош пример, чиста спротивност на ова што сега се случува во Струмица, за жал е градот Скопје, затрупан во ѓубре, без доволно автобуси за јавен превоз. За жал тоа е еден целосно неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска“, изјави Венко Филипче.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Дејан Чиплаковски поставен за командант на 1 Пешадиска бригада

Следно

Презентирана нацрт Национална стратегија и акциски план против сајбер криминал

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop