Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

February 10, 2026
1 min read

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.

Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања.

-Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и здравствениот сектор, преку создавање на услови за нови инвестиции, за поефикасно планирање и искористување на просторот. Имајќи предвид дека туристичкиот сектор веќе бележи позитивни трендови, преку предложените измени се предвидува можност за стимулирање на изградба на големи хотелски комплекси вон градови, исто така и надвор од заштитени подрачја, надвор од национални паркови, надвор од заштитената зона на Охридскиот регион поврзана со заштитата од УНЕСКО, со што директно се поддржува растот на туризмот и привлекувањето нови туристи во државата, а дополнително се придонесува за отворање на нови работни места, информираат од Министерството за транспорт.

Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на јавноста во процесот на носење на одлуки, при носењето на сите планови ќе се спроведуваат јавни презентации.

-Одржувањето на денешната стручна јавна расправа по однос на донесувањето на измените на конкретниот Правилник е јасен показател за заложбата и отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни. Исто така измените на Правилникот за урбанистичко планирање опфаќаат и можност за урбанизација на објекти од областа на терцијарното здравство, како и изградба на батериски системи, кои се од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор. Министерството за транспорт со своите политики останува посветено на создавање на одржливи решенија кои создаваат баланс меѓу економскиот развој и јавниот интерес на граѓаните, велат од министерството.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Следно

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop