Страшен тајфун ги погоди Филипините, загинаа повеќе од 90 лица

November 5, 2025
1 min read

Бројот на жртви од тајфунот Калмаеги на Филипините надмина 90, според денешните официјални податоци собрани од агенцијата Франс Прес за катастрофата што предизвика сериозни поплави.


Портпаролот на централната покраина Себу за АФП изјави дека во крајбрежно село се пронајдени уште 35 тела, со што бројот на жртви во регионот се искачи на 76.

Националната цивилна одбрана претходно потврди дека најмалку 17 лица загинале во други делови од земјата, со што вкупниот број се искачи на 93.


Тајфунот Калмаеги стигна до источниот дел од земјата во понеделник пред полноќ и се упати кон островската покраина Дингат, според националната метеоролошка служба. Во текот на претходните 24 часа, на подрачјето околу градот Себу наврнале 183 милиметри дожд, што е над месечниот просек од 131 милиметар, изјави метеорологот Шармејн Варила за АФП.

Гувернерката Памела Барикуатро изјави дека станува збор за невидена ситуација.


„Очекувавме ветровите да бидат опасни… но всушност водата беше таа што му се закануваше на нашето население“, им рече таа на новинарите, додавајќи дека поплавите се „разорни“.

Денес околу 11:00 часот по локално време (4:00 часот по средноевропско време), тајфунот се упати кон запад и кон туристичките места во областа Палаван, со ветрови од 130 километри на час и налети до 180 километри на час.

Околу 20 бури или тајфуни ги погодуваат Филипините или се блиску до тоа да ги погодат секоја година, при што најсиромашните региони на земјата генерално се најтешко погодени.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години, само треба да се храните вака“: Тврди познатиот доктор

Следно

Божиновска за еМагазин: Скопската декларација поставува конкретни чекори кон зелена и стабилна енергетска транзиција

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop