Стотици луѓе пред Белата куќа протестираа против израелската офанзива врз Рафа

February 13, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) / Пред Белата куќа во Вашингтон вчера се одржа протест против израелскиот напад врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Демонстрантите, вклучително и невладини организации и студенти, носеа палестински знамиња и скандираа против американскиот претседател Џо Бајден. Некои носеа транспаренти на кои пишуваше: „Бајден, запри го овој колеж“, „Спасeте jа Рафа“, „Запрете ја целата американска помош за Израел“…

Протести се одржани и во други големи градови во САД. Во Њујорк и Чикаго се собраа повеќе стотици демонстранти.

Израелската армија планира да започне копнена офанзива врз Рафа, дом на повеќе од милион лица што тука побараа засолниште од војната. Цел на Тел Авив со оваа офанзива е да ги порази, како што ги нарекува, преостанатите „баталјони на Хамас“.

Планираната офанзива предизвика загриженост поради хуманитарната катастрофа во градот на граница со Египет.

Од 7 октомври Палестинците во градот Рафа, сместен во јужниот дел на Појасот Газа, бараат засолниште од израелските напади, простор за кој израелската администрација велеше дека е безбеден.

Белата куќа предупреди дека израелската офанзива врз Рафа би „била катастрофална“ за Палестинците.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа се интерно раселени и се соочуваат со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекарства, а околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа се оштетени или уништени.

Од почетокот на израелските напади врз Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 28.340 Палестинци, главно деца и жени, а ранети се повеќе од 67.984 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавени платите на црногорските функционери

Следно

Хорор во Канада: Маж уби пет членови на семејството, меѓу нив и двомесечно бебе!

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop