Стотици кампови поставени за Палестинците на јужниот дел на Газа: Децата си играат во шаторската населба

October 19, 2023
1 min read

КАН ЈУНИС (АА) – Во градот Кан Јунис во Појасот Газа е подготвен голем број шатори за Палестинците кои побегнаа од северниот дел на Газа, јавува Анадолу.

Семејствата, бегајќи од израелските напади, се сместени во новоизградената шаторска населба. Децата си играат околу шаторот во кампот што го постави Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) кои беа принудени да ги напуштат своите домови во северниот дел на Газа.

Израелските воздушни напади врз Појасот Газа траат веќе 13 дена. Газа се соочува со тешка хуманитарна криза без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Во нападите на Израел во Појасот Газа меѓу 3.785 убиени Палестинци се наоѓаат и 1.524 деца.

Ашраф ал Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа, претходно изјави дека од 7 октомври досега се убиени 1.524 палестински деца и 1.000 жени.

Тој истакна дека меѓу 12.493 ранети има 3.983 деца и 3.300 жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трошоците на одбраната за предметите кои застарија со последните измени на КЗ паѓаат на товар на буџетот, но адвокатите ќе треба да прикажат реални трошоци, велат од Кривичен

Следно

Девојче во игротека во Скопје допрело цевка и се здобило со изгореница од струен удар

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop