Стотици камиони со хуманитарна помош го чекаат отворањето на Граничниот премин „Рафа“ во Газа

January 16, 2025
1 min read

АЛ-АРИШ (АА) – По објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, стотици камиони со хуманитарна помош пристигнаа на египетската страна на Граничниот премин „Рафа“ утрово очекувајќи го отворањето на преминот за достава на виталната помош за Газа, јавува Анадолу.

Камионите, кои носат храна, медицински материјали и облека, чекаат во областа Ариш, што се наоѓа на египетската страна на преминот Рафа. Овој премин е примарна влезна точка за хуманитарна помош во Појасот Газа.

Во разговор за Агенција Анадолу неколку возачи на камиони ја споделија својата радост и оптимизам во врска со прекинот на огнот. Салама Ахмад Абдел Хамид од Исмаилија рече: „Ние сме среќни со решението што го отвора патот за нашите браќа муслимани. Тоа ќе ми овозможи да помогнам и да ја доставам потребната помош.“

Ибрахим Иса од Лабосир, пак, рече: „Работите се подобри сега со прекинот на огнот што го даде Алах… рековме дека е готово, ќе бидат ослободени. Денес ќе тргнеме и ќе одиме да помогнеме. Среќни сме и возбудени што можеме да ја доставиме помошта за народот и нашите палестински браќа.“

Махмуд Тефик додаде: „Ситуацијата е добра… Слушнавме дека од недела ќе се отвори преминот и ќе влезат околу 600 камиони со шатори, храна и други залихи.“

„Ова ќе им донесе олеснување на сите“, додаде Тефик.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љутков : Ќе го вратиме сјајот на Стоби, културното богатство со особено значење за промоција на државата и развој на туризмот

Следно

Конор Мегрегор обвинет за силување

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop