Столтенберг за почетокот на руската инвазија на Украина: Тоа не беше изненадување, знаевме дека војната ќе започне

February 16, 2023
1 min read

НАТО мора да се подготви за долга конфронтација со Русија, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин не покажува желба за мир една година по инвазијата на Украина, вели Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, тврди дека ноќта пред почетокот на руската инвазија на Украина отишол да спие, знаејќи добро дека војната ќе започне за неколку часа.

„Отидов во кревет. Но, тоа беше многу кратка ноќ бидејќи знаев дека во некоја фаза, во рок од неколку часа, некој ќе ме разбуди – и токму тоа се случи. Околу четири часот ми се јави началникот на кабинетот и само накратко ми кажа дека почнале, што значи дека инвазијата започнала. Тоа не беше изненадување, бидејќи знаевме“,

рече шефот на НАТО во интервју за АФП.

Додека многумина ширум светот се надеваа до крај дека Москва нема да ризикува напад од целосен обем, генералниот секретар на НАТО немал сомнеж дека Путин е подготвен да тргне во напад.

„Можно е да се шокирате од бруталноста на војната. Но, нема начин да се изненадите бидејќи ова е навистина нешто што беше предвидено неколку месеци пред инвазијата“,

истакна тој.

Речиси една година по почетокот на војната која чинеше десетици илјади животи и ја поткопа безбедноста на Европа, Столтенберг предупредува дека НАТО мора да биде подготвен за нова ера на конфликт со Русија која може да трае долго.

НАТО мора да се подготви за долга конфронтација со Русија, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин не покажува желба за мир една година по инвазијата на Украина.

„Мораме да бидеме подготвени на долг рок, тоа би можело да потрае многу, многу години“,

изјави Столтенберг.

Тој додаде дека Путин „сака поинаква Европа, Европа во која ќе може да ги контролира своите соседи, каде што ќе може да одлучи што можат да направат земјите“. Столтенберг рече дека 30-те земји членки на НАТО се порешителни Украина на крајот да победи.

„Тука сме за да обезбедиме Украина да победи во оваа војна и да и обезбедиме оружје, муниција и поддршка што и се потребни. Ако претседателот Путин победи во Украина, тоа ќе биде трагедија за Украинците. Но, тоа ќе биде и опасно за сите нас, бидејќи тој и другите авторитарни лидери ќе бидат убедени дека можат да ги постигнат своите цели кога ќе употребат воена сила“,

рече Јенс Столтенберг. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Собранието продолжува дебата за владината реконструкција

Следно

ЌЕ ВИ СЕ РАСПАРА СРЦЕТО НА ДВА ДЕЛА – додека спасувачот ја снима во живо, Азра му умира на рацете (ВИДЕО)

Latest from Blog

Реал новата „деветка“ ја купи од Леванте

Реал Мадрид го купи најдобриот напаѓач на екипата на Леванте, Карлос Еспи. 21-годишниот фудбалер потпиша договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2031 година. Трансферот на Еспи го означи најголемиот трансфер на

Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар, прашуваат од СДСМ

Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде, велат од СДСМ. „Сосема спротивно од неговите најави, Христијан

Училиштата во САД воведуваат дронови со бибер спреј : Нема да им избегате

Системот вклучува дроновите да бидат во постојана готовност и да се активираат по потреба, пишува Futurism. Производителот Mithril Defense вели дека неговите дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час
Go toTop