Столтенберг: НАТО треба да дискутира за безбедносни гаранции за Украина по војната

June 7, 2023
1 min read

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг денеска изјави дека НАТО мора да дискутира за опции на Украина да ѝ се дадат безбедносни гаранции за периодот по војната со Русија

ФОТО: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека во четврток ќе претседава со состанокот на итна координативна комисија со Украина за уништувањето на браната „Нова Каховка“.

Столтенберг на Твитер напиша дека разговарал со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, за „безобразното уништување“ на браната, „која раселува илјадници луѓе и предизвикува еколошка катастрофа“ додавајќи дека министерот Кулеба ќе им се придружи на сојузничките амбасадори на состанокот на Комисијата на НАТО којс ќе претседава утре.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг денеска изјави дека НАТО мора да дискутира за опции на Украина да ѝ се дадат безбедносни гаранции за периодот по војната со Русија.

„Кога војната ќе заврши, НАТО ќе мора да има подготвени опции за да се осигури дека Русија нема едноставно да ги прегрупира своите сили за некој нов напад“,

рече Столтенберг на брифинг со новинари во Брисел.

Во исто време, тој јасно стави до знаење дека НАТО – според член 5 од Вашингтонскиот договор – ќе обезбеди полноправни безбедносни гаранции само за полноправни членки.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО + ВИДЕО) САД: Издадено предупредување за 55 милиони луѓе поради загаден воздух

Следно

Гир: Доколку нема уставни измени тоа значи дека ќе ја пропуштите шансата за напредок

Latest from Blog

Костовски отвора ново поглавје во Бутел: Модерна градинка за 70 деца во Визбегово

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор за обезбедување финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населбата Визбегово, во општината Бутел. Според Костовски, новиот објект ќе се гради

Тоневски: Детската градинка во Пробиштип добива зголемени капацитети

Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша Договор за грант во Министерството за социјална политика, демографија и млади за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000

Проданоски: За сите проекти граѓаните ќе добиваат навремени и точни информации

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска одржа брифинг средба со претставници на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и општинските установи се разговараше за актуелните теми поврзани со работењето
Go toTop