Столтенберг ќе раководи со НАТО уште една година

July 4, 2023
1 min read

Јенс Столтенберг е тринаесетти генерален секретар на НАТО. На чело на најголемата воена организација стапи во 2014 година, а ова е четврто продолжување на неговиот мандат. Повеќето од неговите претходници служеа само четиригодишен мандат, а само Холанѓанецот Џозеф Лунс имаше подолг мандат како генерален секретар од актуелниот

Земјите членки на НАТО се согласија да го продолжат мандатот на генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг за уште една година. НАТО одлучи да го продолжи неговиот мандат до 1 октомври 2024 година, оценувајќи дека Столтенберг, со сето свое искуство, треба да остане на чело на воената организација уште една година, наместо да се бира негов наследник во момент на сѐ уште активната војна во Украина.

Столтенберг рече дека е почестен од ваквата одлука.

„Трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка ја обезбеди нашата слобода и безбедност речиси 75 години и во многу поопасниот свет нашата Алијанса е поважна од кога било“,

напиша Столтенберг во благодарницата за изборот.

Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Одлуката официјално треба да биде потврдена од шефовите на држави и влади на НАТО на самитот кој ќе се одржи на 11 и 12 јули во Вилнус, Литванија.

Инаку, Јенс Столтенберг е тринаесетти генерален секретар на НАТО. На чело на најголемата воена организација стапи во 2014 година, а ова е четврто продолжување на неговиот мандат.

Во февруари годинава тој изјави дека нема да бара продолжување на мандатот.

Повеќето претходници на Столтенберг служеа само четиригодишен мандат, а само Холанѓанецот Џозеф Лунс имаше подолг мандат како генерален секретар од актуелниот. Тој беше на чело на Алијансата помеѓу 1971 и 1984 година. Последните двајца генерални секретари пред Столтенберг, Холанѓанецот Јап де Хоп Шефер и Данецот Андерс Фог Расмусен, беа на функцијата пет години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Властите знаеле дека самоубиствата ќе однесат повеќе деца отколку ковидот

Следно

Еврото на историски минимум во размена со албанскиот лек

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop