Столтенберг: Безбедноста на Косово е клучна за стабилноста на Западен Балкан

December 20, 2023
1 min read

Столтенберг на почетокот на говорот рече дека живееме во опасен свет, во кој има војна во Европа, нова војна на Блискиот Исток, додека растат тензиите и на Западен Балкан

Безбедноста на Косово е клучна за стабилноста во целиот регион на Западен Балкан, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во говорот објавен на социјалната мрежа Икс, по повод крајот на годината, во кој им се заблагодари на сите сојузници за нивната поддршка, како и на војниците, вклучително и КФОР во Косово, за неговата „служба во одбрана на мирот“.

Фото: Принтскрин

„Помош за одржување на мирна и безбедна средина за сите во Косово е клучот за стабилноста на поширокиот регион на Западен Балкан“,

рече тој.

Столтенберг на почетокот на говорот рече дека живееме во опасен свет, во кој има војна во Европа, нова војна на Блискиот исток, додека растат тензиите и на Западен Балкан.

„Бруталниот тероризам опстојува, а климатските промени предизвикуваат конфликти. И затоа нема безбедност без силна одбрана, ниту силна одбрана без способни вооружени сили. И затоа презедовме толку многу важни чекори оваа година за зајакнување на одбраната на НАТО – со уште повеќе војници и зголемени трошоци за одбрана. И тоа не е да се предизвика војна, туку да се спречи конфликт и да се зачува мирот“,

потенцира Столтенберг. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со најслабата

Следно

Шпанскиот премиер ја повика Европа јасно да зборува за нападите во Газа за да се запре човечкото страдање

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop