Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

May 20, 2025
1 min read

Александар Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!, рече денеска советничката на СДСМ во Советот на Општина Ѓорче Петров, Маја Стојковска.

„Преку пет и пол милиони евра од издавање на градежни дозволи за згради, а ниту едно евро за ветените Градинка, училиште и катна гаража за жителите на Александрија! Почитувани, ова е визијата на Градоначалникот Стојковски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров“, рече советничката на СДСМ.

Според неа иако Стојкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдеа дека ќе има и градинка и училиште и катна гаража, сепак тие на шверцерски начин на вонредна седница изгласаа ДУП СО преку 4.000 станови, Bуџетот за 2025 и предлог ребалансот предвидуваат само висококатници.

„Затоа Советниците на СДСМ И Коалицијата на седницата за ребаланс на буџетот ќе предложат измени на програмите и обезбедување на средства за изградба на училиштето, градинката и катната гаража, кои се исклучително важни за жителите на Александрија и Ѓорче“, рече советничката на СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули

Следно

Сообраќајка на патот Градско – Прилеп, сообраќајот во целосен прекин

Latest from Blog

Тоневски: Граѓаните и месните заедници клучни за развој на Пробиштип

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес оствари работен состанок со претседателите на месните заедници чиј мандат е истечен. На состанокот се дискутираше за отпочнување на постапката за избор на нови претседатели

Николоски: Стратешкото партнерство со САД гарантира развој и безбедност

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска остварил неколку средби на високо ниво во Стејт департмент на САД, каде разговарал за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Соединетите
Go toTop