Ако предходните години Европската Извештај за напредокот на Република Македонија нотираше макар и минимален напредок во областа на судтсвото, во најновиот извештај за првпат стои дека нема никаков напредок во оваа област.
Оваа оценка не е ни најмалку неочекувана ако се земе во предвид што се се случуваше во судството и на какви скандали бевме сведоци.
Како клучен пример нотиран во извештајот е наведен контроверзното и разрешување на председателот на Судскиот совет. Целата македонска јавност имаше прилика да го гледа циркусот што се случуваше и да биде сведок на директното политичко влијание и притисок врз ова тело.
Дополнително, нема никакви реформи во правосудството кои што треба да го подобрат работењето на институциите, што значи дека власта воопшто не се интересира за исполнувањето на една од најбитните задачи кои што земјава треба да ги заврши на својот пат кон ЕУ.
Исто така извештајот јасно нотира дека ниту една од препораките од ланскиот извештај не се имплементирани и истите остануваат валидни и во овој извештај, а тоа се завршување на имплементацијата на стратегија за реформи во правосудството и ажуриран акциски план, ревидирање на законодавната рамка и целокупно функционирање на Судскиот совет за да се зајакне неговата транспарентност и независност и да се забрза имплементацијата на стратегии за човечки ресурси за судството и обвинителството.
Како забелешка во извештајот е и процесот на бирање на новиот раководител на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во кој што како што се вели во извештајот не помогна да се изгради доверба на јавноста во транспарентноста на процесот, имајќи во предвид дека на почетокот не беа претставени критеруми за квалификување и беше покрената сериозна загриженост за можно надворешно влијание во процесот.
Европскиот извештај посочува дека се потребни дополнителни напори за да се зголеми транспарентноста и да се спречи секој обид за несоодветно влијание и заплашување .
Зголемен е бројот на незавршени предмети според старите процесни закони.
Не се направени никакви напори за да се адресираат препораките од Венецијанската комисија за преиспитување за одредбите од Законот за употреба на јазиците поврзани со двојазичноста во судските спорови.
Ова се дел од забелешките на Европската Комисија за судството во Република Македонија кое што е доведено во очајна состојба од страна на власта, а притоа правото и владеењето на правото се една од најбитните поглавја во прцесот кон пристапување во ЕУ.
Јасно е дека на власта не и одговара да има реформи во правосудтвото за да можат да си ги спроведуваат своите криминални пазари, а уште помалку им одговара Република Македонија да има независни судии и обвинители кои што без никакви притисоци и заплашување ќе се борат против криминалот и корупцијата кои станаа, за жал препознатливи за Република Македонија, рече Стојановска на прес конференцијата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.