Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

February 11, 2026
1 min read

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност на законот за уште пет години, односно до 3 март 2031 година.

Како што изјави пратеникот Бојан Стојаноски, целта на предложените измени е да се овозможи граѓаните да не останат со нерешен статус на своите домови поради административни пречки или бавни процедури.

„Многу наши сограѓани со години се заглавени во судски спорови за имотно-правни односи и различни постапки кои не се по нивна вина. Доколку рокот истечеше на 3 март 2026 година, илјадници предмети ќе беа прекинати по сила на закон во фазата во која се наоѓаат“, истакна Стојаноски.

Со предложените измени, наместо досегашните 15 години, законот ќе важи вкупно 20 години. Според предлагачите, ова ќе обезбеди правна сигурност за општините како надлежни органи, со цел да можат легално да ги завршат сите веќе започнати постапки.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека измените не предвидуваат поднесување нови барања, туку се однесуваат исклучиво на граѓаните кои веќе имаат поднесено документација и со години чекаат на решавање на својот предмет и добивање имотен лист.

Стојаноски посочи дека иницијативата доаѓа како директен одговор на барањата на Управниот одбор на ЗЕЛС и на општините, кои, како што рече, секојдневно се соочуваат со конкретни проблеми во спроведувањето на постапките.

Според него, предложеното законско решение нема да предизвика дополнителни финансиски импликации врз државниот Буџет и ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во „Службен весник“, со цел да се избегне правен вакуум.

Од пратеничката група порачуваат дека со оваа измена се помага на илјадници семејства конечно да го обезбедат својот дом и да се гарантира стабилност и конзистентност во правниот систем.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски најави нови решенија за подобар автобуски превоз во Прилеп

Следно

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop