Стојаноски: Со посветена работа, веќе ги гледаме првите резултати, до крајот на мандатот ќе бидат целосно реконструирани студентските домови

January 30, 2025
2 mins read

Денес, на седницата за пратенички прашања во Собранието, се обрати пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој му постави прашања на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски постави прашања за повисоките цени во малопродажбата, напредокот на проектите како Факултетот за физичка култура и студентските домови, како и за странските директни инвестиции, истакнувајќи дека претходната власт не успеала да привлече инвестиции и праша за идните планови.

„Почитуван претседателе на Владата, сите знаеме дека во јавноста неколку дена е актуелна темата за повисоките цени во малопродажбата. Ние, и кога бевме во опозиција, вие неколку пати давате изјава каде што критикувавте и ланци на маркети за некои нефер трговски практики кои беа присутни во продажбата, тоа го правите и сега“, рече Стојаноски.

Стојаноски истакна дека не лавираат во ставовите и дека секогаш јасно и директно го истакнуваат проблемот. Напомена дека пред неколку дена имале состанок со клучни чинители, како министерот за економија, претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата и други, каде што се разговарало за однесувањето на големите маркети, кое го сметаат за директен напад на стандардот на граѓаните.

„Дали може да се изнајде некаков механизам каде што би се ставило крај на ова однесување, кое што гледаме, и ова е мој личен став, дека е безобразно, бидејќи во изминатиот период ние направивме две работи кои никогаш претходно не беа направени“, истакна Стојаноски.

Стојаноски додаде дека прво ја ограничиле бруто профитната маржа, а потоа се обиделе да се договорат со засегнатите страни.

„Дополнително, дали имате информации од контролите кои што веќе почнуваат да се спроведуваат на терен? Второто прашање ми е за капиталните инвестиции, бидејќи исто така кога бевме во опозиција со бројки критикувавме дека се недоволни и покажувавме директни примери од другата страна. Имавме одговор на тие тврдења дека се направени 1500 км патишта. Сега, претседателе, вие имате во оваа држава една реалност од овие од СДСМ, каде сè што е добро тие го направиле, без разлика дали имаат поинаков поим околу тоа, а сè што е лошо е направено во претходните 7 месеци“, изјави Стојаноски.

Стојаноски истакна дека со измена на законите и креативност успеале да завршат проекти како пругата Страцин-Крива Паланка и експресниот пат Градско-Прилеп. Стојаноски посочи дека проблемот на младите во државата кој трае 7 години останал нерешен.

„Видовме дека со работа, со измена на закони и со 24-часовно вложување, може да се завршат проектите. Ете, се заврши првата фаза на пругата Страцин-Крива Паланка, исто така експресниот пат Градско-Прилеп е отворен и се работи на Кичево-Охрид. Прашањето ми е една мака која што ја имаат младите во државата и за која што 7 години ништо не се направи и не се удри ниту една шајка“, истакна Стојаноски.

Стојаноски праша кога ќе продолжи изградбата на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, посочувајќи дека за седум години никој не успеал да ги реализира овие проекти, а се осврна и на процесот кој е во тек за реконструкција на студентските домови.

„Би сакал да ве прашам, има ли обезбедено 18 милиони евра за реконструкција на студентските домови? Ме интересира во каква динамика оди реконструкцијата на студентските домови, бидејќи ние кажавме дека до крајот на мандатот овие два кои сега ги реконструираме сме во напредна фаза, ама до крајот на мандатот со овие средства и со собирање на средствата од другите ставки, затоа што ќе се смогне сили да се реконструираат сите студентски домови“, изјави Стојаноски.

Стојаноски праша за напредокот на странските директни инвестиции, истакнувајќи дека претходната власт не успеала да ги привлече. Стојаноски побара и информации за очекувањата и идните планови за привлекување инвестиции.

„Третото прашање ми е за странските директни инвестиции. Во изминатите 7 години, нивото на привлекување странски директни инвестиции беше такво што тој што ја водел институцијата се договарал кој ќе ги асфалтира патчињата во зоните. Со ваквата политика на странски директни инвестиции, кога ја преземавме власта, за сите земји околу нас губевме 5-0. Тоа време заврши. Мене ме интересира следново: неколку пати и вие сте изјавиле, и директорот на таа институција, дека можеме да надминеме и една милијарда странски директни инвестиции, но она што е многу важно е да очекуваме со истата динамика и оваа година да се движиме. Дали може нешто да се каже плус за иднината, што можеме да очекуваме во насока на странски директни инвестиции и што можеме да промовираме во наредниот период?“, заклучи Стојаноски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

Следно

Нема потреба од логика и етика, ВМРО-ДПМНЕ е доволно

Latest from Blog

Чибишев за ужасот на Онкологија и извештаите кои НЕ го оправдуваат Филипче: Граѓаните се чувствуваат јадосани

Не верувам дека менаџерите не добивале извештаи и не виделе што се случува на клиниката за Онкологија. Не верувам дека не направиле безброј консултации со надредените, со Министерство за здравство каде што

Претставникот на Трамп за Блискиот Исток вели дека обновата на Газа може да трае 10-15 години

ВАШИНГТОН (АА) – Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денес изјави дека обновата на Појасот Газа може да трае 10-15 години, нагласувајќи го огромниот степен на уништување

Перински: Имам амбиција да бидам градоначалник и многу визии, на Скопје му треба стратегија за следните 20 години

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, рече дека има амбиција да биде иден градоначалник на Скопје. Тој во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва рече дека е убеден дека идниот градоначалник ќе биде

Институтот за социологија, контра Јаневска: Нацрт-концепцијата ја девалвира социологијата

„Наместо да го осовременува и надоградува постојниот модел на социолошко и хуманистичко образование во гимназиите, нацрт-концепцијата изработена од  Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, истиот го редуцира
Go toTop