Стојаноски: Со Кривичниот законик се проширува основата за инкриминација и се заострува затворската казна

December 23, 2025
1 min read

Во Централниот дневник на Алсат телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Кривичниот законик ја проширува основата за инкриминација и ја зголемува казнената политика, дури и за дела сторени пред 2023 година.

„Овој закон кој е поднесен од нас е преодно решение, бидејќи во февруари месец Уставниот суд побара од Собранието да се донесе нов Кривичен законик бидејќи ако не се случеше тоа ќе се направеше еден феномен на “правна празнина“, којшто потоа сите оние кој што во овој момент одговараат или се пред судовите со вакви квалификативи ќе можеа да бидат амнестирани од одговорност. Во овој момент има два процеси во нашата држава, еден процес на овој закон којшто е преодно решение до наредната година и уште еден Кривичен законик којшто ќе биде изгласан наредната година којшто е во согласност со европската регулатива. Тоа што треба да го знаат граѓаните ќе го сумирам во една реченица, се враќаат сите правни квалификативи кои што можат да бидат инкриминирани дури и пред 2023 година и се заоструваат затворските казни“, рече Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски посочи дека со измените во Кривичниот законик се проширува основот за инкриминација и за гонење при злоупотреба на службена должност, а воедно и дека се заоструваат затворските казни.

„Само што ги поднесовме измените ние кажавме дека го прошируваме основот на инкриминација дури повеќе од 2023 година, ако споредуваме законот што важел пред 2023 година и овој, овој наш поднесен предлог повеќе ги проширува основите за инкриминација и ја заострува затворската казна. Не само што ја зголемува платформата за инкриминација и за гонење по членот 353 односно злоупотреба на службената должност и овластување, и ги заострува затворските казни, доколку некој тоа го стори“, рече Стојаноски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина фудбалската легенда Васил Рингов

Следно

Ван де Вен му се извини на Исак за повредата

Latest from Blog

Што навистина купуваме? По случајот во Косово, време е внимателно да ги читаме декларациите

Случајот со млечните производи во Косово, каде кај дел од анализираните производи беа откриени состојки кои не биле соодветно наведени на декларацијата, отвори едно многу едноставно прашање: колку навистина знаеме што купуваме

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека
Go toTop