Стојаноска: Граѓаните будно следат, нема веќе кој да ги лаже – работиме на дела, не на зборови

January 24, 2025
2 mins read

Во вечерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше пратеничката Дафина Стојаноска, која дискутираше за теми поврзани со ефикасноста на Собранието, направи компарација на состојбите во минатото и денес, зборуваше за тоа какви се нејзините визии и размислувања за во иднина, односно за нејзините согледувања, за тоа каква е координацијата меѓу пратениците, притоа ставајќи акцент на однесувањето на пратениците од опозицијата за време на седниците во Собранието.

Пратеничката Стојаноска образложи какво е работењето во Собранието, кои се позитивните промени кои настапиле со новиот мандат, наведе дека сега е јасно дефинирано кога почнува одредена пленарна седница за разлика од претходно, таа исто така посочи дека сега се знае и за кога е закажана секоја наредна седница, односно дека има поголем степен на предвидливост и планирање на времето, и сето тоа оди во нагорна линија со забележителна разлика помеѓу претходните два мандати и сегашниот.

„Огромна е разликата меѓу претходните седници на пратенички прашања и овие, прво во односот на премиерот и на министрите кон пратениците, а да не зборувам за содржината на поставените прашања, ако се сеќавате не така далеку првата седница на пратенички прашања онаа којашто трае според деловник седум часа со еден час пауза, значи шест, мислам дека тука премиерот Христијан Мицкоски сто нула ја изводи таа седница, бидејќи генерално мислам преку деведесет проценти беа поставувани прашањата кон него а не помалку се и сега поставувани, во следните две или три седници за пратенички прашања, значи сосема смирено, сосема со почит, со аргументи ги дава одговорите со еден коректен однос без разлика за кој да се работи пратеник“, вели Стојаноска.

Во поткастот пратеничката наведе дека однесувањето на пратениците од Левица, на седниците за пратенички прашања е бесмислено и дека тие се тотално некоординирани и неподготвени за поставување на прашања, па сето тоа сакаат да го затскријат со барање на паузи. Таа истакна дека Левица како опозиција не прифаќа институционална одговорност, туку само прави обиди да привлече внимание во јавноста со нивното ниско ниво на однесување и култура.

„Колегите од Левица коишто се многу гласни или „силни“ исклучиво на социјалните мрежи, немаше ниту еден пријавен за поставување на пратенички прашања, така да нивната немоќ ја камуфлираат еве со паузи со глумење на некое, не знам, сакаат да инсценираат некаков си вид на хаос во Собрание апсолутно далеку од тоа дека Собранието е хаотично или дека некој некому ускратува некое право како што тоа беше случај во минатиот мандат, безидејни се, очајни се, едните не можат да се помират дека се опозиција, другиве пак во опозиција си имаат други поголеми гајлиња, можеби најкомотно им е овој сега период да го поминат во Собрание, а пак третите оние најактивните на социјални мрежи се тука само за почеток на седница“, рече Стојаноска.

За крај на емисијата, пратеничката додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која работи и реализира проекти за разлика од претходната власт, која нема ништо направено. Таа посочи дека со преземањето на власта се работи со максимална посветеност и ангажираност, со успешна реализација на поставените приоритети и донесување на одлуки и мерки кои се важни за граѓаните, притоа напомнувајќи дека токму граѓаните се сведоци на тоа дека се работи на дела со исполнување на ветеното.

„ВМРО-ДПМНЕ од самиот старт кога ја презедовме власта почна со работа, реализираше многу проекти коишто тие ни за седум години не ги реализираа, напротив начекавме руина дури и полошо од она што го очекувавме реално, но полека со многу работа сè ќе се среди а тие ќе останат на нивните лажни обвинувања, на нивните бегања од задна врата, како што кажавте и вие Бети, впрочем јавноста ќе проследи скоро следуваат локални избори, годинава треба да се случат според Законот за избори, така да граѓаните будно следат нема веќе кој да ги лаже, работиме на дела, не на зборови“, истакна Стојаноска.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Обвинителството во Прилеп го доби полицискиот извештај за повредениот ученик

Следно

Масовни антивладини протести во Братислава

Latest from Blog

Двојаковски го засили МЗТ Скопје

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски (27 год, 204 см) од денеска и официјално е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Тој доаѓа да ја засили центарската линија на

Трамп ги стопира проектите за енергија од ветер, велејќи дека ветерниците убиваат птици

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ветерниците ги нарече „ужасни“ и додаде дека „убиваат птици“, известува Анадолу. По потпишувањето на извршната наредба за запирање на проектите за добивање енергија од ветер,

Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната недела

Претставници на Здружението Хема-онко денеска оствариле средба со министерот за здравство Арбен Таравари. Состанокот бил планиран пред актуелните случувања на Клиниката за радиологија и онкологија во Скопје, но, неизбежно било да се

Мицкоски и денеска не кажа со кои американски компании се договорил, наместо тоа се пожали дека хотелот во кој спиел имал само 3+ sвездички

На повикот на СДСМ да каже кои се компаниите од САД кои ги убедил да инвестираат во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски, денеска од увидот на градежни активности во Петровец, рече дека неговата

Српскиот патријарх Порфириј во понеделник доаѓа во Скопје: Со г.г. Стефан ќе присуствува на Светосавската академија

Српскиот патријарх Порфириј ќе присуствува на свеченоста што по повод Свети Сава, националниот празник на српската заедница во Македонија, ќе се одбележи на 27 јануари, в понеделник, во Македонскиот народен театар во
Go toTop