Стоилковиќ со честитка до Додик за Денот на РС – БДС прашуваат: Дали Владата го поддржува Геноцидот во БиХ?

January 9, 2025
1 min read

Вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ на својот Фејсбук профил го честита Денот на Република Српска.

Како што вели, не може да присуствува поради интерпелација.

„Граѓаните на Република Српска го слават својот празник, празникот на Светиот ѓакон Стефан, и ја одбележуваат годишнината од основањето на Република Српска телеграма до претседателот Милорад Додик. (неможност за присуство поради интерпелација) – „Господине Претседателе, одговорот на притисоците и неправдите на кои беа изложени Република Српска и нашиот народ, отсекогаш бил и останува единството на српскиот народ. Затоа, годината пред вас мора да биде уште една година на афирмација на НАШАТА Република Српска, година на подобрување на колективните и личните права и слободи, година во која Република Српска продолжува со реформите кои и помогнаа да постигне највисока стапка на економски раст, најниска стапка на невработеност и најконкурентна економија во рамките на БиХ и годините на економска стабилност и социјален мир. Во ова верување, вам и на сите граѓани на Република Српска со чувство на гордост и радост ви го честитам 9 јануари, Денот на Републиката и празникот на Светиот архиѓакон Стефан, бидејќи Република Српска и покрај сите предизвици, успеа да се изгради како модерна, демократска, политички и економски стабилна и одржлива демократска заедница, која е единственото и вистинското место за живеење на генерациите што доаѓаат“, напиша Стоилковиќ.

По ова се јавија со реакција и од Бошњачкиот демократски сојуз, од каде упатија прашање за тоа дали Владата го поддржува Геноцидот во Босна и Херцеговина.

Како што велат, честитањето на „Денот на РС-9 ти јануари“ од страна на вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците – Иван Стоиљковиќ е сериозно нечовечки и неморален чин спротивен на правниот поредок и надворешната политика на нашата држава.

„Пред се, тој ентитет чие формирање го поздравува вицепремиерот е резултат на починет геноцид врз Бошњаците, присилно раселување на несрпско население, депортации, нечовечки постапувања и злосторства на агресија и против човештвото.

 Таквите злосторства и геноцидот се докажани со правосилни судски пресуди донесени на Хашкиот трибунал. Од друга страна нашата држава ја има усвоено и Декларација за поддршка на Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница од 15 јануари 2009 година како и Резолуцијата за признавање на геноцидот во Сребреница од 2024 каде бевме коспонзор на истата пред ОН.

 “Празникот“ кој Стоиљковиќ го честита е прогласен за неуставен во Босна и Херцеговина односно укинат од највисокиот суд во државата, па сега се поставува прашањето дали Владата размислува како ке се одрази овој чин врз меѓународните односи со Босна и Херцеговина земајќи го предвид дека осудата на Геноцидот во Сребреница е дел од правниот поредок на нашата држава преку усвојување на меѓународните акти и почитувањето на правосилните судски пресуди донесени од меѓународни судови.

 Со оглед на историската позадина и глобалните настојувања за помирување на Балканот, важно е Владата да се покаже зрелост и одговорност и ваквото постапување да го санкционира особено земјаќи го предвид фактот дека Стоиљковиќ е и министер за односи меѓу заедниците“, велат од партијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандал: Филхармонија ѝ забрани влез на Дијана Имери Илкоска и ја остави на улица диригентката од светски глас

Следно

Таравари за ригорозните мерки на Бајден: Владата се придржува максимално на сите меѓународни договори

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop