Стоилковиќ открива: Во министерството ги нема голчињата и кошот на Груби, но има многу криминал и аздис

January 10, 2025
1 min read

На прашањето дали наследувајќи го Артан Груби во Министерството за односи меѓу заедниците, (кое претходно беше фузирано со Политички систем) со дел од просториите ги наследи и голчињата и кошот на поранешниот министер и вицепремиер, сегашниот прв човек на министерството Иван Стоилковиќ во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и не е оставено ништо, дури ни филџани и чаши.

-За жал, ни голче, ни кош, ни фудбал, ни баскет, ни филџани, ни чаши, ни кафе, ни апарати за кафе, ни вода, ништо нема, дури ни телефони нема во министерството, чисто да знаат луѓето. Јас како министер немам земска/фиксна линија во кабинетот, затоа што сето тоа кога дојдовме беше растурено. Имало некакви камери поставено во кабинетот, па и тие биле извадени. Попис на инвентар никогаш не е извршен во министерството. Ќе има уште многу кривични пријави. Јас не знам која институција во државата ги прифаќала завршните сметки, бидејќи секогаш кога ја поднесувате мора да поднесете и пописна листа. Ние за првпат правиме попис на финансиски средства и на инвентар. Побаравме ад-хок ревизија и резултатите се толку фрапантни и грозни што ќе мора да одиме на затворена седница на влада за информацијата за извештајот на ад-хок финансиската ревизија во министерството за односи меѓу заедниците. Дефинитивно, министерството било приватна фирма и ревизијата тоа го покажува.

Можеби немало попис и ревизија, ги нема и голчињата и кошот, но затоа пак има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња, открива министерот Стоилковиќ.

-Просто да не верувате дека такви нешта може да има. Јас овие месеци немам платено ни една сметка на сметка на министерството, се си плаќам сам. Кафански сметки да ми плаќа министерството, тоа ми е глупава работа. Тоа порано било „добар ден“. Порано, битно е што секој Божји ден биле правени сметки од по 20, 30, по 40 илјади денари, секојдневно биле правени – ајде да е на десет дена, двапати во месецот ли, ако имате гости на пример, но вистинскиот проблем е кога тоа е секојдневно, а овде било така, потенцира Стоилковиќ.

Министерот во „Наткаст“ обзнани и дека 95 насто од вработените во министерството се Албанци, но потенцира дека работата е што тоа се Албанци од ДУИ, нешто што е проверено и докажано – институцијата се користела како партиско биро за вработување. Во меѓувреме, разрешени се и многу случаи со „вработени“ кои не ни доаѓале на работа, а десетина од нив си живееле и работеле во странство, притоа земајќи редовна плата од министерството на Артан Груби. Се очекува обелоденувањето на извештајот на ад-хок финнсиската ревизија за да се прикаже сиот криминал, аздис и незаконско работење во минатите години.

 

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е синоним за смрт во здравството

Следно

Француски новинар: Израел брутално приведува и испрашува луѓе на окупираните територии во Сирија

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop