Стисокот на раката открива многу повеќе одошто мислите

November 13, 2025
1 min read

Неочекувана поврзаност на стисокот на раката и страста.

Научниците откриле интригантна поврзаност помеѓу физичката сила и интимниот живот, и тоа благодарение на едноставен тест со стисок на рака. Резултатите објавени во списанието “Evolution and Human Behavior”, покажуваат дека начинот на кој некому му подавате рака може да открие многу повеќе одошто мислите.

Во студијата во која учествувале повеќе од 4.000 возрасни личности од САД, научниците го мереле стисокот на раката, силата на горниот дел на телото и ги анализирале нивните одговори за сексуалните навики. Се покажало дека мажите со посилен стисок на раката често имаат стабилни, долготрајни врски и повеќе сексуални партнерки во однос на тие со послаб стисок на раката. Кај жените е забележан сличен тренд, тие со поизразена  физичка сила, често имаат поактивен љубовен живот, иако должината на нивните врски не била поврзана со јачината на стисокот.

Стручните лица сметаат дека овие резултати имаат длабоки корени во еволуцијата.

Машката физичка сила отсекогаш била симбол на заштита и способност, што кај жените низ историјата давало чувство на сигурност. Сепак, забележуваме дека и жените со изразена сила често избираат поактивен и послободен пристап кон врските – објаснува водечкиот автор на студијата, д-р Каролин Смит.

Според еволутивната теорија, посилните мажи биле поуспешни во заведување на партнерките, додека посилните жени можеби сигнализирале здравје, самодоверба и виталност. Научниците истакнуваат дека силата не значи нужно доминација, туку често укажува на енергичност и повисоко ниво на самодоверба, особини кои многумина ги поврзуваат со привлечност.

Интересно е што истражувачите планираат и следна фаза на студијата, во која ќе испитуваат дали јачината на стисокот на раката укажува и на задоволство во врската, а не само на бројот на партнери. Едно е сигурно, следниот пат кога ќе се ракувате со некого, можеби за него ќе дознаете повеќе одошто сте очекувале.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Девојката родена без мозок наполни 20 години, докторите во чудо: Таа е голем борец (ВИДЕО)

Следно

Мицкоски на изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop