Стево Пендаровски учествувал на безбедносниот форум “Глобсек 2024” во Прага

September 1, 2024
1 min read

Поранешниот претседателот Стево Пендаровски учествувал на глобалниот безбедносен форум “Глобсек 2024” што се одржува во Прага.

Пендаровски бил дел од панелот „Западниот Балкан на крстосница помеѓу западот и истокот”, на кој, покрај него учествувале и Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешна претседателка на Република Хрватска, Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Република Црна Гора и Кетрин Ештон, поранешен висок функционер на ЕУ.

Поранешниот претседател зборувал за генезата на македонските евроинтеграции, при што потенцирал  дека проектот за обединета Европа, во целина, последниве години не се одвива со задоволително темпо. Причините за тоа ги лоцирал во недостатокот на стратешка визија во Брисел, како и на незадоволителното темпо на домашни реформи во земјите кандидати за членство.

Според него, војната во Украина наметнала поинаква стратешка динамика на континентот, што бара од земјите-кандидати, но, посебно од новоизбраните институции на Европската Унија, изнаоѓање на модалитети за заокружување на целиот процес во интерес на подобрата иднина на сите народи кои живеат во регионот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: Со навремено испорачани учебници и подобро организирана настава започнува учебната 2024-2025 година

Следно

Попов: Фијаско на Филипче пред МОН, 20-тина партиски активисти протестираа, наставниците не наседнаа на партијата која до пред 2 месеци беше власт

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“

Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, што предизвика остри реакции кај здружението за заштита на животни Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за
Go toTop