Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

April 23, 2025
2 mins read

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 157/21 против градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски и уште едно лице со која двајцата обвинети ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар. Според пресудата, Јакимовски се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години 6 месеци, додека на Т.Ѓ. му изрече алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 години затвор која нема да се изврши доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело.

Откако постапката почна одново, поради промена на претседателот на советот, а како странките се согласија претходно изведените докази да бидат прочитани, за помалку од една година, овој предмет заврши во прв степен. Со оглед дека поради измените на Кривичниот законик во однос на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, застареа стотици предмети, а како Јавното обвинителство ја продолжи кривичната постапка против обвинетиот С.Ј, по наоѓање на овој суд не може да стане збор за продолжено кривично дело, бидејќи ниту временски, ниту пак според начинот и приликите на сторување може да стане збор за такво дело, па од тие причини судот донесе пресуда со која го одби обвинението од став I точка 1 и точка 2 од Усогласениот обвинителен акт, согласно член 402 став 1 точка 6 од Законот за кривична постапка, бидејќи кривичното гонење не може да се преземе поради застареност, велат од Кривичниот суд.

Судот го прогласи Јакимовски за виновен за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик за изградба на деловен објект – административен објект на Локалната самоуправа, и за ова кривично дело му изрече казна затвор во траење од 1 – една година.

Предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, судот ја изрече оваа казна. Имено според податоците, во овој суд досега се воделе 17 предмети за истото дело, од кои 8 се завршени со условни санкции. А само во два предмети се изречени затворски казни.

Согласно член 244-а став 6 од Кривичниот законик, изградената недвижност деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа која се наоѓа на КП.бр.612 за КО Карпош, на ул.„Радика“ бр.9, Барака 1 и 2, се одзема во корист на Република С. Македонија.

Судот го осуди Јакимовски и за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в.со член 45 од Кривичниот законик, на казна затвор во траење од 3 – три години.

-Со оглед дека на обвинетиот С.Ј му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, па за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Во изречената казна затвор на обвинетиот му се засметува и времето поминато во куќен притвор, стои во соопштението.

Судот го осуди и обвинетиот Т.Ѓ, претходно вработен во Општина Карпош, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в. со член 45 од Кривичниот законик, и му изрече алтернативна мерка условна осуда, така што на овинетиот му утврди казна затвор во траење од 2 – две години и истовремено определи дека истата нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 – пет години од правосилноста на стори ново кривично дело.

Двајцата обвинети солидарно се задолжени да ја надоместат штетата на буџетските средства на Република С.Македонија.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди Истанбул

Следно

Во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Latest from Blog

Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ги посети капиталните проекти во градот. Салата АСНОМ, прочистителната станица, новиот пазар и новата градинка со капацитет за околу

ПО 29 ПАТ: Пропадна уште еден обид за конституирање на косовското собрание

Конститутивната седница на Собранието на Косово денеска, 29 пат, беше прекината бидејќи предлогот за формирање комисија што би го надгледувала тајното гласање за избор на претседател на Парламентот не го доби потребниот

Пановски во Аргумент плус: По заминувањето на претседателот на Советот на Град Скопје институцијата е во вакуум

Советникот во Град Скопје, Никола Пановски во Аргумент плус рече дека по заминувањето на претседателот на Советот на Град Скопје институцијата е во вакуум. Според него, треба двете најголеми коалиции да седант

Бугарија бара истрага за Томас Вајц – Георгиев: Лага е дека ќе ја пуштиме Македонија во замена за еврото

Бугарските европратеници бараат истрага за известувачот за Македонија во Европарламентот, Томас Вајц. Обвинија дека бил едностран во нацрт-Извештајот. Расправата за Извештајот беше одложена за 24-ти месецов, а премиерот Христијан Мицкоски е уверен
Go toTop