Стејт департментот одобри продажба на крстосувачки ракети со долг дострел на Јапонија

August 29, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американскиот Стејт департмент одобри продажба на крстосувачки ракети со долг дострел и соодветна опрема на Јапонија, јавува Анадолу.

Во соопштението на Американската агенција за одбранбена и безбедносна соработка се наведува дека Стејт департментот одобрил испорака на 50 крстосувачки ракети со долг дострел „ЈАССМ-ЕР“ и придружна опрема во Јапонија, во вредност од 104 милиони долари.

Се додава дека до Конгресот на Соединетите Американски Држави е пратено известување во врска со одобрувањето на продажбата на Јапонија.

Доколку Конгресот не се спротивстави на одлуката, во рок од 30 работни дена администрацијата почнува преговори со државата за која е одобрена продажбата.

На крајот од преговорите, Владата на САД на таа земја ѝ дава понуда и ако понудата добие позитивен одговор, почнува процесот на набавка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Следно

Белата куќа „сè повеќе уверена“ дека Пригожин загинал во авионската несреќа

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop