Стејт департмент: Блинкен и Чин Ганг имаа искрен, суштински и конструктивен разговор

June 18, 2023
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен имаше „искрен, суштински и конструктивен“ разговор со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг во Пекинг, соопшти американскиот Стејт департмент.

Државниот секретар ја нагласи важноста на дипломатијата и одржувањето отворени канали на комуникација низ спектарот на прашања за да се намали ризикот од погрешно толкување и погрешно проценување, истакна портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Фото: Стејт департмент

Блинкен го поканил Чин да го посети Вашингтон за да продолжат со разговорите.

Додека, кинеските медиуми објавија дека Чин истакнал дека Пекинг е посветен на изградба на стабилен, предвидлив и конструктивен однос со САД.

Чин како најголем ризик за кинеско-американските односи го посочи Тајван, што за Пекинг е дел од Кина.

Фото: Стејт департмент

Посетата на Блинкен на Кина доаѓа речиси пет месеци откако претходната посета на Блинкен беше одложена, по летот на осомничен кинески шпионски балон во воздушниот простор на САД.

САД ги намалија очекувањата за патувањето и двете страни јасно ставија до знаење дека не очекуваат некој голем напредок, пренесе Би-би-си.

Кина организира воени вежби во близина на Тајван, кој Пекинг го смета за составен дел на Кина. САД одржуваат блиски врски со демократски избраната влада на Тајван.

Агендата за посетата на Блинкен покрај средба со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг вклучува и средба со високиот кинески претставник за надворешна политика Ванг Ји.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски ги искажа очекувањата за утрешниот натпревар против Англија

Следно

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со награда за најдобар долгометражен филм во Софија

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop