Стејт департмент: Апсурдно е секое навестување дека САД и Израел се вмешани во нападот во Иран

January 3, 2024
1 min read

Најмалку 103 лица загинаа денеска, а повеќе од 141 се ранети во две експлозии во Керман. Иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на сигурни извори, објави дека „експлодирале две вреќи со бомби“ во близина на гробницата на воениот командант Касем Сулејмани, за време на комеморативната седница по повод годишнината од неговата смрт

САД го оценија како апсурдно секое навестување дека САД или Израел биле вмешани во нападот извршен денеска во Иран во близина на гробот на иранскиот генерал Касем Сулејмани и дадоа гаранции дека ниту една земја „нема интерес да ескалира ситуацијата во регионот“.

„САД не се вклучени на кој било начин. Секое тврдење за спротивното е апсурдно“,

рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Тој додаде дека САД „немаат причина да веруваат дека Израел бил вклучен во таа експлозија“ и изрази жалење за загинатите цивили.

Милер не прецизираше на кого се мисли кога го кажа тоа, само рече дека видел „обвиненија кои кружат“ и рече дека нема „независни“ информации за нападот во Иран.

Најмалку 103 лица загинаа денеска, а повеќе од 141 се ранети во две експлозии во Керман. Иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на сигурни извори, објави дека „експлодирале две вреќи со бомби“ во близина на гробницата на воениот командант Касем Сулејмани, за време на комеморативната седница по повод годишнината од неговата смрт. Бомбите очигледно биле активирани со далечински управувач.

Сулејмани, командант на елитните ирански сили Кудс, беше водач на иранските воени операции на Блискиот исток и беше убиен од САД во јануари 2020 година во Ирак

Европската Унија побара сторителите на двeте експлозии да бидат изведени пред лицето на правдата.

„ЕУ најостро го осудува денешниот бомбашки напад во градот Керман во Иран. ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ. Овој чин на терор донесе шокантна бројка на цивилни жртви и повредени. Нашите мисли сега се со жртвите и нивните семејства. Насилниците мора да одговараат“,

наведе портпаролот на ЕУ во соопштение.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американски копиљ го победи Тетрис

Следно

Димитров: Ќе покренеме иницијатива да се донесе закон за изградба на Чебрен со домашни сили

Latest from Blog

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за
Go toTop