Стефковски и Трајановски на терен: Важна е соработката на централната и локалната власт

August 22, 2024
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денеска заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски направија посета на регионалниот пат Р-1102 кој транзитира низ населени места во општината.

За време на посетата градоначалникот Стефковски и директорот Трајановски направија увид на акцијата за расчистување на вегетацијата покрај патот, кастрење на дрвата и косење на високата трева.

-Оваа акција е значителна за сите учесници во сообраќајот, бидејќи со истата возачите ќе имаат непречена видливост кон вертикалната и хоризонталната сигнализација која го регулира сообраќајот на регионалниот пат. Со задоволство можам да констатирам значителен напредок помеѓу соработката на единиците на локалната самоуправа и институциите на централната власт, нешто што во минатото не беше случај. Доказ за тоа е денешната акција која се реализира на барање на општина Гази Баба по кое Јавното претпријатие за државни патишта веднаш постапи за што му благодарам на директорот Трајановски, истакна Стефковски.

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски нагласи дека исклучиво важна е соработката на институциите од централната власт со единиците на локалната самоуправа.

-Безбедноста во сообраќајот е наш врвен приоритет. Како институција изминатиот период реализираме акции за расчистување на вегетацијата на поголем дел од патиштата низ државата кои се под наша надлежност. Оддржувањето на патиштата е подеднакво важно колку и инвестирањето во изградба на нови патишта. Важна е соработката на институциите од централната власт со единиците на локалната самоуправа со цел создавање на услови за граѓаните безбедно и непречно ги реализираат своите секојдневни обврски. Институциите се тука за да им служат на граѓаните, истакна Трајановски.

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови. Истата ја спроведува ЈП Македонија пат по налог на Јавното претпријатие за државни патишта, а денес на истата се приклучија и екипи на ЈКП Гази Баба.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пламен и густ чад: Видео од пожарот во зграда во Белград

Следно

Нема веќе течности во рачен багаж – Од септември построги правила на аеродромите во земјите-членки на ЕУ

Latest from Blog

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Артета: Многу тажен ден…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop