Стефанос Каселакис, нов лидер на главната грчка опозициска партија СИРИЗА

September 26, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Поранешниот соработник на „Голдман Сакс“ и претприемач во трговската морнарица, Стефанос Каселакис, доцна во неделата дојде до изненадувачка победа и стана лидер на најголемата грчка опозициска партија, левичарската СИРИЗА, јавува Анадолу.

Триесет и петгодишниот Каселакис ја победи поранешната министерка за труд Ефи Ахсиоглу во вториот круг од лидерската трка и собра речиси 57 отсто од гласовите, изјави Јанис Дросос, шеф на Изборната комисија на СИРИЗА.

Со семејни корени од Крит, Каселакис е роден и растел во Атина.

Студирал бизнис и меѓународни односи на Универзитетот во Пенсилванија, САД.

Додека бил студент, волонтирал како дел од персоналот на Џо Бајден, во тоа време сенатор, за претседателските избори во 2008 година.

Во 2009 година работел во Одделот за управување со ризици на инвестициската компанија „Голдман Сакс“.

Подоцна ја основал бродската компанија „СвифтБалк“.

На 29 август оваа година тој ја објави својата кандидатура за претседател на СИРИЗА.

Во првиот круг од внатрепартиските избори на 17 септември, Каселакис беше прв меѓу петтемина кандидати со освоени 44,91 отсто, околу 66.000 гласа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, во посета на Северна Македонија

Следно

Османи свика Засилен состанок на Постојаниот совет во Виена

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop