Статуа на Богородица Марија во Неапол трансформирана во Палестинка

July 12, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Статуата на Света Марија од страна на анонимен уметник во Неапол, Италија, е трансформирана во Палестинка поставувајќи палестинско знаме на неа, известува Анадолу.

Пред статуата наречена „Ожалена мајка на Палестинците“, со цел да се привлече вниманието кон војната во Газа, напишани се зборовите „Оставете цвет за моите деца“ и „Моите деца се токму како вашите“.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за примирје, израелската армија ја продолжува бруталната офанзива врз појасот Газа од 7 октомври 2023 година, во која досега се убиени речиси 57.900 Палестинци, претежно жени и деца.

Израелското немилосрдно бомбардирање ја уништи палестинската енклава и предизвика недостиг на храна и ширење на болести.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде потерници за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Целта на Бугарија е иста како на Русија – Мицкоски одговори на обвинувањата од официјална Софија

Следно

На 20-ти јули старт на подготовките, Пауновиќ го „скрати“ списокот на 18 одбојкарки

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop