Старовиќ: Македонија успешно се позиционираше на меѓународните финансиски пазари

January 16, 2026
1 min read

Македонија ја издаде најголемата еврообврзница на меѓународниот пазар по мошне поволни услови, подобри од претходните емисии на вакви хартии од вредност – смета финансискиот аналитичар и професор по меѓународни финансии во Лондон, Милош Старовиќ. Тој вели дека ова е голем успех за Македонија која не е членка на Европската Унија и не е дел од Еврозоната. Министерството за финансии, според него, донело добра одлука за структурата на долгот и рочноста на еврообврзниците од 4 и посебно онаа од 8 години.

Голем успех е тоа што Македонија издаде еврообврзница на стартот на годината. За финансискиот аналитичар Милош Старовиќ, времето на задолжување со еврообврзница во јануари во геополитички нестабилна година каква што не очекува е клучно. Моментумот бил искористен најадекватно, бидејќи тешко се предвидувале промените на  условите на меѓународните пазари.

Македонија пред два дена успешно ја издаде новата 10-та по ред еврообврзница во две транши од по 500 милиони евра или вкупно една милијарда евра. Првата е со помала рочност од 4 години и каматна стапка од 3,875%, а другата е издадена на 8 години со каматна стапка од 4,75% што според надлежните се најниски каматни стапки согласно пазарните услови. Постигнатата рочност од 8 години и нискиот каматен ризик се за првпат издејствувани во изминативе две децении. Министерката за финансии е задоволна од огромниот интерес на инвеститорите чија побарувачка во еден момент достигнала и 4 милијарди евра. Со овие пари ќе се покрива дефицитот, но и ќе се враќа евроонврзницата од 700 милиони евра од 2020-та година. Претходната влада со неколкуте задолжувања на краток рок го зголеми притисокот за враќање огромни долгови за само неколку години. Пресметките покажуваат дека управувањето со јавните финансии треба да биде крајно внимателно бидејќи во следните 5 години за враќање достасуваат долгови од 8,8 милијарди евра.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инфраструктурата во фокус: Битола со инвестиции во патишта, водовод и училишта

Следно

Нафтоводот Солун–Скопје повторно во фокусот: стратешка инфраструктура за Македонија

Latest from Blog

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат
Go toTop