Стапува на сила Законот за нефер практики, треба да донесе стабилизација на цените и нивно постепено намалување

January 1, 2025
2 mins read

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) од денеска почнува со спроведување во пракса на казнените одредби од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, со којшто се очекува да се средат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците. 

Прекршочната постапка пред Комисијата се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице, а глобите шо може да ги изрече КЗК се различни и зависат од видот на прекршокот и големината на прекршителот (микро, мал, среден и голем трговец) и варираат од 50 до 20.000 евра за потешките прекршоци согласно Законот доколку се утврди дека правното лице кое во својство купувач кон неговите добавувачи употребува значителна преговарачка моќ со наметнување нефер трговски практики.

Со Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување се опфатени 2.548 земјоделски и прехранбени производи, а во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики.

Се очекува Законот да воведе ред во делот на регулирање на односите на сите инволвирани страни во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, а пред се да се ограничат дополнителните трошоци што се наметнувале досега (за складирање, реклама, маркетинг и персонал), и нивно ограничување на рабат на најмногу до 10 проценти.

– Оваа разлика директно влијаела на крајната цена на земјоделските и прехранбените производи, а ние се надеваме дека со доследно спроведување на Законот за одреден период ќе имаме стабилизација на цените на прехранбените производи и нивно постепено намалување, велат за МИА од Министерството за економија и труд.

Ова, како што посочуваат, е сосема нов Закон кој за првпат се носи, па оттаму нормално е да има одредени проблеми при неговата примена и при склучување на договорите. 

– Постојано сме во комуникација со трговците, производителите и со дистрибутерите, ги слушаме нивните забелешки на терен од кога стапи на сила овој Закон. Имаше одредени забелешки на примената на овој Закон и одредени потешкотии со кои се соочуваат и двете страни, па затоа решивме да оставиме период до крајот на 2024 година да видиме какви ќе бидат резултатите и доколку има потреба ќе поминеме кон техничко подобрување на овој Закон, нагласуваат од Министерството за економија и труд.

Посочуваат дека консултациите со сите инволвирани страни се во тек и, како што велат, на почетокот на 2025 година ќе излезат со конкретен став за примената на овој Закон, односно дали и кои делови ќе претрпат измени.

Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи е донесен на 13 март лани, а стапи на сила на 28 септември, кога беше краен рок трговците да ги усогласуваат договорите за снабдување со добавувачите и производителите каде трошоците за рабат и други маркетинг трошоци се ограничени на 10 отсто.

Правен е по примерот на Хрватска, Словенија, Бугарија и Шведска и е донесен според ЕУ Директивата 2019/633 на Европскиот парламент и Советот од 17 април 2019 година, за нефер трговски практики во односите бизнис-бизнис во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Со него се уредуваат правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката меѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики.

– Со Законот се ограничуваат надоместоците (за складирање, реклама, маркетинг и персонал) и рабат најмногу до 10 отсто, а кои согласно досегашната пракса (информации од производители и добавувачи) изнесувале од 20 до 35 отсто, што индиректно ги зголемувало малопродажните цени на производите. Задолжена за спроведување на одредбите од Законот за нефер трговски практики е Комисијата за заштита на конкуренција, која изминатиов период се екипираше и веќе работиме со нив, прецизираат  од Министерството за економија и труд за МИА.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првото бебе во 2025 година е машко – се роди минута по полноќ во Скопје!

Следно

Наутро студено, преку ден сончево време

Latest from Blog

Зеленски договори нова средба со Трамп: „Многу работи можат да се одлучат пред Нова Година“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за ставање крај на руската инвазија. „Договоривме средба на највисоко ниво, со претседателот

Од кујната на Dave’s Kitchen до вашата врата: Празнична магија со еден клик преку Wolt

Празниците се оној посебен период од годината кога храната станува повеќе од оброк, таа се претвора во спомени, емоции и моменти споделени околу трпезата. Без разлика дали ги пречекувате пријателите или се

Златници стари 1.400 години пронајдени во христијански манастир во Јудејската Пустина

Два златника и прстен од византискиот период, стари околу 1.400 години, се пронајдени на археолошкиот локалитет Хирканија, во Јудејската Пустина, околу 17 километри југоисточно од Ерусалим, на територијата на денешниот Западен Брег,

Превентивна кампања против пиротехника реализирана во училиштата во Кичево

На 24 декември 2025 година, во сите основни и средни училишта во Кичево, како и во едно основно училиште во општина Центар Жупа, беше реализирана превентивната кампања „Кажи НЕ за пиротехничките средства“.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Полицијата доби 120 нови возила

Македонската полиција доби 120 нови автомобили од марката „Peugeot 408“. Курир Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска истите ќе бидат и промовирани. Курир На промоцијата ќе се обратат премиерот Христијан
Go toTop