Стапи на сила 4-дневната хуманитарна пауза во Појасот Газа меѓу израелската армија и Хамас

November 24, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Стапи на сила 4-дневната хуманитарна пауза во сите подрачја во Појасот Газа меѓу израелската армија и Хамас, привремено запирајќи ги нападите за размена на затвореници и за помош, јавува Анадолу.

Хуманитарната пауза на сила стапи во 07:00 часот по локално време.

Израел проценува дека најмалку 239 Израелци се држат од страна на Хамас по прекуграничниот напад на палестинската група на 7 октомври.

Израел започна брутални воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.

Властите во Газа во вторникот соопштија дека бројот на загинати во израелските напади врз опколената енклава оттогаш достигнал 14.854, од кои над 6.150 се деца, и над 4.000 жени, додека повеќе од 36.000 лица се повредени.

Бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200, соопштија израелските власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стапи на сила 4-дневната хуманитарна пауза во Појасот Газа

Следно

Променливо облачно, во текот на ноќта дожд во северозападните делови

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го
Go toTop